Кафе муабет
НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ КАКО ИЗГЛЕДАЛА НА 18 ГОДИНИ – Соња Тарчуловска објави фотографии од младоста
Тарчуловска се присети на младоста ...
Некогашната популарна пејачка чии хитови до ден денес се пеат, Соња Тарчуловска е 17 години во брак со македонскиот бранител и политичар Јохан Тарчуловски. Нивното најголемо богатство, круната на нивната љубов, се нивните три деца, Мелани, Младен и Јоана.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
Двајцата се доста активни на социјалните мрежи, каде често споделуваат фотографии од нивните деца.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
И Јохан и Соња се горди родители, кои често знаат и да се пофалат со успесите на нивните деца.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
Познатата фолк-пејачка по осум години пауза, неодамна најави враќање на музичката сцена. Низ интересна приказна, во интервју за Женски магазин Соња раскажува за нејзиниот живот во овој период, за сопругот Јохан и за тоа како го изненадила кога решила повторно да запее. Соња вели дека кога за првпат ја слушнала песната од ќерката, заплакала и си рекла дека сега е вистинскиот момент да ја испее.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
-Последен пат на сцена се појавив во 2014 година на „Фолк Фест Валандово“ каде што ја испеав песната „Моја Библија“ и тоа беше мојата последна снимена песна, но и периодот пред тоа не се појавував често на музичката сцена, ме имаше па ме немаше, вели Тарчуловска за Женски магазин.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
Новата песна е инспирација на Мелани, која што веќе долго време ме провоцира да се вратам на македонската музичка сцена. И бидејќи ги игнорирав нејзините провокации, еден ден ми рече: Сакам да слушнеш нешто што ќе ти отпеам и ми го испеа целиот текст, а јас со солзи во очите реков, ова ќе биде хит кој што мора да го снимам, емотивно раскажа тогаш пејачката.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
На прашањето дали според сликите го сменила стилот, пејачката одговара дека нејзината професија е уметност и дека постојано бара промени.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
Соња е постојано активна на социјалните мрежи каде споделува фотографии од неа и нејзиното семејство.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
Со последните фотографии кои ги сподели Соња, таа се наврати на младоста и на нејзините 18 години.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
Пејачката и на 18 години изгледала атрактивно и убаво.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска
Со кратка, портокалова коса, Соња позира во знак на нејзиното полнолетство.
,,Младост, 18 години’’, напиша пејачката во описот на фотографиите.
Фото:Фејсбук/Соња Тарчуловска