Кафе муабет
Немав пари ниту за хулахопки, позајмував фустани: Карлеуша призна од која пејачка мајка и позајмила 25.000 марки
Драгана Мирковиќ и помогнала да ја започне својата кариера...
Пејачката Јелена Карлеуша денес е една од најдобрите стилизирани дами на нашата музичка сцена.
Иако често сака да ја провоцира јавноста, таа знае феноменално да го претстави секое парче облека.
Нејзиниот стил се менуваше со годините, но она што е сигурно е дека отсекогаш била автентична!
На Инстаграм се појави видео од самиот почеток на нејзината кариера, а на него можеме да видиме дека Јелена тогаш изгледала сосема поинаку. Иако веднаш почна да интригира со својот изглед.
Карлеуша на 16 години изрази желба да стане пејачка. Ја имала поддршката од нејзината мајка Дивна, но немале доволно средства за нејзиниот прв деби албум.
– Кога ја започнав кариерата, на неполни 16 години, тоа беше многу тешка ситуација. Балканот беше во пламен, а првиот албум го снимив во 95 година. Мајка ми позајми пари од Драгана Мирковиќ. Да! Драгана Мирковиќ ми позајми пари за првиот албум. И додека мајка ми се фаќаше за глава како ќе и вратиме 25.000 марки, бидејќи тогаш имаше новинарска плата од две марки, мене ме мачеше уште една мака – немав пари за чорапи. И кога купував ги чував, ама џабе. Секогаш некако ги закрпував и ги лепев со лак, измислувајќи некоја глупост. Се појавив на телевизија, насмеана, полна со себе, убедувајќи ги водителките и гледачите дека јас, безобразното дете од Нов Белград, сум новата Мадона. Никој не знаеше дека новобелградската Мадона крие најлонски чорапи залепени со лак под нејзиниот позајмен фустан. Годините минуваа и јас се борев како куче. Мадона од регионот стана добро позната Ј.К. и ги вратив парите на Драгана – напишала Јелена Карлеуша на својот профил пред неколку години.
Првиот албум „Огледалце“ е објавен на 24 април 1995 година. Со него таа постигна голем комерцијален успех, продавајќи повеќе од 100.000 примероци во Југославија. Хитовите од тој албум беа песните “Ogledalce”, “Najbolja drugarice” и “Suze devojačke”.
Тогаш најтиражниот весник „Сабор“ на Јелена и предвидуваше голема кариера со пораката – Ѕвездата е родена.
Во продолжение неколку видеа од почетокот на кариерата на Карлеуша…