Дом и семејство
Неколку работи што секое дете мора да ги научи пред да го добие својот прв мобилен телефон
Децата во светот на новите дигитални технологии
Денес децата со дигиталната технологија се сретнуваат речиси од раѓање – без разлика дали станува збор за видеоразговори преку кои родителите сакаат на своите пријатели да им го покажат своето дете или во нешто постар период кога сами ќе научат да го најдат својот омилен цртан филм. Сите се согласуваат дека живееме во време кога дигиталните технологии едноставно не можат да се избегнат, и дека истите ќе променат бројни обрасци во нашето однесување, но од тоа не треба да се бега. Родителите кои се свесни за можните онлајн опасности мораат да знаат како таквото знаење да им го пренесат и на своите деца.
Па кога ќе дојде време да им го купите првиот мобилен, и да им го подарите вашиот, важно е да поразговарате и да го подготвите детето за тоа. Тоа треба да биде свесно дека сте спремни да му дадете голема одговорност поради која ќе може да се чувствува поважно и посигурно.
Еве неколку работи што тоа треба да ги запомни.
Помеѓу вас НЕ треба да има тајни
Важно е децата да научат дека во родителите можат да имаат потполна доверба. Па така доколку влезат во некој проблем преку дигиталната технологија, важно е да знаат дека имаат на кого да се обратат за помош
Треба да е свесно за својата одговорност
Децата уживаат во ситуациите во кои чувствуваат дека им верувате и треба да знаат како и тие да се однесуваат во таквите ситуации. Научете го дека мобилниот сега е негова одговорност, дека треба да внимава на него, а можете да се договорите да биде одговорно и за сите штети што ќе ги направи. На тој начин повеќе ќе го цени добиеното и ќе се однесува на таков начин.
Секако, тоа мора да знае дека вие како родител во секое време сте покрај него и дека може да ви се обрати за било што.
Мобилниот телефон се користи само за комуникација со семејството и пријателите кога тие не се во близина
Секое дете во денешно време контактира со луѓето од својата околина преку дигиталните апликации кои овозможуваат брза и едноставна комуникација, но треба да го научите дека социјалните мрежи и комуникацијата преку апликации својата не се замена за вистинските комуникации „лице во лице“ и важно е заедно да поработите на тоа. Нема потреба детето со часови да се допишува со пријателите кои живеат само две улици подалеку, туку натерајте го да излезе надвор или да го викне пријателот дома.
Разговор со непознат човек на интернет е подеднакво опасен како и со непознат човек на улица
Вашето дете мора да биде свесно дека секој непознат човек што ќе го сретне на интернет е подеднакво опасен како и непознат човек на улица. Тука голема улога ќе одигра довербата што ја имате изградено со него.
Ноќе се спие и тогаш НЕ треба да се користи мобилниот
Ограничете го времето на користење на мобилниот уред. Поставете правило во кое јасно ќе дадете до знаење дека мобилниот не треба да се користи ноќно време бидејќи тогаш треба да се спие. Едно истражување што беше објавено во магазинот „Journal of Youth Studies“ покажа дека оние деца кои секоја ноќ користат мобилен пред спиење често во училиште наведувале дека се постојано изморени.
И за крај не заборавајте дека разговорот може да биде превенција за повеќето непосакувани ситуации што би можеле да се случат. Иако одлучивте да му дадете голема одговорност на вашето дете, не двоумете се да му поставете одредени незгодни прашање како би провериле дали ќе продолжи безбедно да се служи со мобилниот.