Кафе муабет
Невеста на гостите им пратила список со правила – подарокот не смее да биде под 65 евра?!
Имено, гостите добија е-пошта од координаторот на венчавката во која детално беа наведени сите 15 барања на невестата....
Анонимна невеста од Америка ги налути своите гости кога им испрати список со необични правила на однесување неколку дена пред венчавката.
Да, добро прочитавте, на свадбата имало толку многу правила што гостите не можеле а да не реагираат и посочат дека невестата претерала со барањата.
Имено, гостите добија е-пошта од координаторот на венчавката во која детално беа наведени сите 15 барања на невестата.
Меѓу 15-те споменати правила и прописи, гостите наидоа на доста разумни барања, како што е правилото дека не смеат да носат бела облека и дека мора да пристигнат 15 минути порано.
Меѓутоа, како што продолжува списокот, барањата стануваат се повеќе екстремни, па невестата во едно од правилата напишала дека сака гостите „да не носат премногу свечени фризури, освен едноставна фризура или опашка на боб“.
На гостите им е забрането да користат „силна“ шминка и не смеат да ги проверуваат социјалните мрежи (поточно Фејсбук) се додека не им биде соопштено.
Најневообичаена е секако точка осум на списокот, која гласи:
„Не зборувај со невестата воопшто“ и на крајот, сите гости мора да донесат подарок вреден 65 евра или повеќе, во спротивно невестата ќе ги одбие.
Фотографијата од е-поштата е објавена на социјалната мрежа Редит, а луѓето остро ја осудија оваа невеста.
– Не можам да одлучам дали гостите треба да останат дома или да донесат пуканки и да ја документираат оваа венчавка – напиша еден човек, додека друг се пошегува и додаде дека ќе донесе 65 евра во монети.