Кафе муабет
НЕВЕСТА КАКО ОД БАЈКИТЕ: Луна Џогани блесна во венчаница- пердуви и тантела, еве како изгледаше на денот на венчавката!
Парот денес ексклузивно за „Токсик“, откри дека направиле црковна венчавка...
Луна Џогани која е во деветтиот месец од бременоста и нејзиниот партнер Марко Миjковиќ викендов направија тајна венчавка, на која присуствуваа само тие и нивните кумови. Семејството, барем како што открија медиумите не знаело за склучување на бракот пред матичарот.
Иако се обидоа да го сокријат тоа, медиумите ги фотографираа на денот кога официјално станаа сопруг и сопруга, во општина Раковица.
Парот денес ексклузивно за „Токсик“, откри дека направиле црковна венчавка.
Луна беше во прекрасна, бела венчаница од тантела на која имаше детали од пердуви, а Миjковиќ беше свечено облечен во бела кошула, со црна машна.
– Го немав тоа чувство кога бевме во општината. Бевме таму кратко време, ги потпишавме документите, но за ова навистина се подготвувавме. Ние се погриживме за сè, го подготвив и фустанот, кошулата на Марко, бев нервозна – рече Луна и додаде:
– Дефинитивно сега се чувствувам како невеста. Не се чувствував така вчера и завчера. Имаме венчални прстени. Јас сум сега мажена и тоа е најважно. Бев нервозна, и се чувствував толку смирено и убаво во црквата – изјави Луна.
За потсетување Луна и Марко го очекуваат своето прво дете, ќерката на која решија да и го дадат името Миа.
Термин за породување е средина на јуни па сега Луна може слободно да се опушти бидејќи е законска сопруга на својот сакан.
Нивните обожаватели со нетрпение го очекуваат раѓањето на ќеркичката а Марко неодамна откри како се чувствува идната мајка и дали се плаши од породувањето.
– Се чувствува одлично, сè оди во добра насока. Денот на породувањето се приближува и едвај го чекаме. Таа полека влегува во 9-тиот месец и сега еуфоријата е се поголема. Сè е како што треба, нема компликации и само чекаме да се случи тој момент – истакна Миjковиќ за КурирТв.
Инаку пред неколку дена поранешната учесничка во реалното шоу Задруга, Луна Џогани призна дека реагира бурно кога луѓето негативно го коментираат нејзиниот физички изглед.
Луна, истакна дека ја погодуваат погрдните зборови од луѓето кои го коментираат нејзиниот изглед во бременоста.
– Луѓето немаат граница и хуманост. Секоја бремена жена е убава за себе, но не можеме да контролираме како изгледаме. Си реков дека нема да се оптеретувам, ќе јадам онолку колку што сакам и ќе ослабам кога ќе се породам – рече Луна.
– Најважно ми е да бидам жива и здрава. Најмалиот проблем е дали ќе имам мозолчиња или ќе бидам дебела. На почетокот не обрнував внимание на коментарите, но понекогаш ме вознемируваа коментари од типот: „Главата ти е голема, задникот ти е голем“, понекогаш и премногу се нервирав поради тоа – додаде Џогани.