Кафе муабет
Невестата цела вечер танцуваше, беше највесела на свадбата – Груевска во фустан каков носат принцезите во бајките!
Ѕирнете ги најинтересните детали од свадбена прослава на Груевска
Ги испочитуваа сите обичаи
Младата пејачка Марија Груевска се омажи за своето момче Синиша Стојаноски во еден манастир во близина на Битола.
Покрај роднините и пријателите на свадбената церемонија присуствуваа и многу пејачи и колеги на Марија од „Ѕвездите на Гранд“.
По црковната венчавка, следуваше и потпис кај матичарот што се случи пред црквата во простор кој беше специјално декориран за таа намена.
По оваа церемонијата следуваа и првото танго и фрлањето на бидермаерот, а како изгледаа младенците погледнете во продолжение:
По првиот танц започна луда забава, а гостите покрај бендот ги забавуваа и колегите на Груевска. Па така меѓу првите кој се фати за микрофонот беше Александар Јосифовски, а невестата во преубавата венчаница во која изгледаше како принцеза цело време танцуваше на подиумот.
Тортата беше на седум ката, а целиот простор беше уреден до најситниот детаљ и изгледаше прекрасно.
Како што самата Марија во една пригода откри, свадбената церемонија ќе трае три дена, а можеби и повеќе ако има расположение за тоа.
Како изгледаа некои од најубавите моменти од првата вечер од свадбата, погледнете во продолжение: