Кафе муабет
НБА кошаркарот пред неколку години и нудеше милиони да абopтира – сега добија трето дете и се во идиличен брак!
Даниела и Пол веќе имаат две ќерки, Оливија и Наташа, но нивната љубовна врска не беше секогаш идилична...
Еден од најдобрите НБА играчи, кошаркарот на Клиперс, Пол Џорџ, го доби своето трето дете со Србинката Даниела Рајиќ.
Српската Ким Кардашијан, како што ја нарекуваат Даниела и славниот кошаркар добија син и му го дадоа името Вук!
Кошаркарот на соцјалните мрежи ја сподели веста за раѓањето на неговиот син Вук, додека многумина коментираа дека им се допаѓа името.
Даниела и Пол веќе имаат две ќерки, Оливија и Наташа, но нивната љубовна врска не беше секогаш идилична. Напротив…
Двајцата се запознаа во Мајами во 2015 година. Во тој период, Даниела работела како танчарка и стриптизета. Се гледаа неколку месеци пред Даниела да дознае дека е бремена. Пол Џорџ тврдеше дека Оливија не е негово дете, но Даниела го тужела кошаркарот на суд. ДНК анализата утврди дека Џорџ е татко на девојчето.
Тогаш Даниела го тужеше кошаркарот, бидејќи тој наводно и понудил милион долари за да абортира, но подоцна се откажала од тужбата.
Тогаш Џорџ возврати и ја тужеше убава Србинка и бараше целосно старателство над девојчето. Тие долго време се провлекуваа пред судовите, па се согласија да го делат старателството.
По некое време, тие ја обновија својата романса и во ноември 2017 година, тие добија уште една ќерка – Наташа, за сега да го добијат и третото дете, синот Вук.
Денес, Даниела е најголемата поддршка во животот на Џорџ.