Новости
НА 84 ГОДИНИ ГО КАЖА СУДБОНОСНОТО “ДА” : Тозовац се ожени со Мима, по 40 години заеднички живот!
Пејачот со својата Мима помина 40 години заеднички живот...
По 40 години љубов со својата партнерка Емилија Мима, познатиот пејач Предраг Живковиќ -Тозовац го кажа судбоносното „да“ на 84-годишна возраст.
Тозовац се ожени пред два дена а по долги години заеднички живот, тој и својата животна сопатничка Емилија Мима решија својата љубов да ја крунисаат со брак.
Само неколку луѓе присуствуваа на венчавката, а прославата не можеше да помине без малку музика и хармоника.
„По 40 години љубов, мојата Мима и кралот на музиката, Драган Тозовац“, напиша нивната пријателка Билјана и на својот Инстаграм профил сподели фотографија од младенците.
Пријателите му пееја на Тозовац „Да ги кренеме чашите горе, Тоза се жени“.
Жена ми, можам да кажам жена ми и со право велам жена затоа што таа е “вистинска жена и затоа што скоро половина од мојот живот го поминав со неа. Таа е многу трпелива, добра мајка е, добра пријателка, има внуци, па затоа е добра баба. Но, пред сè, таа мене ми беше пријател и поддршка во мојот живот. Јас сум Водолија, и таа не може сама.
-Еднаш сонував дека починала. Така и реков, гушкајќи го сандакот, плачејки на глас во сон: ” Зошто ме оставаш, со кого да живеам сега?
„Бидете внимателни, тоа е најискрената реченица што мажот ја изговара во сон. Затоа и ја посветив најубавата љубовна песна во тоа време”, изјави Тозовац за Блиц.
Како што може да се види на фотографијата од венчавката, Мима носеше портокалова облека, а Тозовац костум.