Кафе муабет
“На работа одев со плачење, криев дека посетувам часови по пеење”- еве со што се занимавала Ана Севиќ пред да стане пејачка
Имала добра плата но не била среќна...
Ана Севиќ својата пејачка кариера ја започна во 2011 година, а претходно се занимаваше со бизнис кој немаше никаков контакт со јавноста.
Имено, Ана се занимавала со канцелариска работа, но тоа како што вели воопшто не ја исполнувало, па решила да се впушти во пејачките води за кои и самата еднаш зборуваше.
– Сакам сама да погрешам или сама да го изберам вистинскиот пат. Кога почнав да ги следам своите соништа и она што го сакам, сфатив дека кога ја напуштив работата што ја работев пет години, канцелариската работа во која ја водев компанијата, каде одев на работа плачејќи, каде имав фантастична плата, каде бев несреќна до срж го направив вистинскиот избор- изјави таа во една прилика во емисијата „Магазин ин“.
– Тајно отидов на аудиција, тајно ги посетував часовите по пеење кај Александра Радовиќ за кои никој не знаеше и само реков дека ќе се занимавам со пеење и од тој момент сум среќна. Го работам тоа што го сакам и важно е да бидам во договор со себе – додаде тогаш Севиќ.
За потсетување, Ана денес е мајка на три деца. Таа неодамна се породи со третото дете, синчето Симеон.
Ана Севиќ за кратко време се врати на старата тежина која ја имаше пред бременоста и покажа дека е во одлична форма, па доби многу комплименти од следбениците на Инстаграм.
Иако изгледа совршено сепак обожавателите велат дека не е воЗможно да изгледа толку убаво па ја обвинија дека крие оти ангажирала сурогат мајка.
„Кога ќе признаеш дека си ангажирала сурогат мајка“, „Каква модна мачка си“, „Совршена како и секогаш“ – беа само дел од многуте коментари на Инстаграм.
Ана Севиќ и нејзиниот сопруг Данијел Недељковиќ ја дознаа веста дека повторно ќе станат родители само седум месеци по раѓањето на нивната ќерка Сена. Сознанието дека во семејството ќе дојде момче го разнежни целото семејство.
“Оваа вест го израдува целото семејство бидејќи имаа голема желба да добијат момче. Не се старомодни, се работи за емотивна природа. Даниел го загуби својот брат и веста дека во семејството доаѓа неговиот син Недељковиќ ги израдува сите“, изјави за Мондо извор близок до парот.
Симеон е роден на 3 март, а неговата горда мајка неодамна ја објави неговата прва фотографија со која ги разнежни фановите.
Да потсетиме, Данијел Недељковиќ и Ана Севиќ станаа родители на нивната ќерка Сена во 2020 година, а пејачката со пејачот Дарко Лазиќ ја има ќерката Лорена.