Дом и семејство
Најубави вести од Шпанија: Анастасија Ражнатовиќ добива честитки- Цеца откри што се случува
Наскоро ќе се венчаат?
Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на фолк дивата Цеца Ражнатовиќ веќе една година е во врска со фудбалерот Немања Гудељ и моментално младата пејачка живее во Шпанија заедно со него.
Со фактот дека уште на почетокот на љубовната врска Гудељ и Анастасија почнаа да живеат заедно почна да се шпекулира дека парот наскоро ќе стапне на лудиот камен.
Последниот чекор на младата пејачка која во секое интервју повторува дека нејзиното семејство е на прво место и дека има блиски односи со децата на нејзината тетка Лидија одлуката да не се појави на роденденот на нејзината братучетка Хелена Оцокољиќ беше шокирачка.
Единственото логично објаснување кое го нашле обожавателите на семејството Ражнатовиќ е тајната венчавка на Анастасија и Гудељ.
– Анастасија чека документи затоа не доаѓа во Белград – рече Цеца.
Документите кои Цеца ги спомена се однесуваат на Шпанија каде нејзината ќерка престојува веќе неколку месеци. Имено, момчето на Анастасија, Немања Гудељ живее во Севиља, а на младата пејачка, судејќи по фотографиите, и се допаѓа животот покрај саканиот.
Сепак, упатените велат дека свадбата на Анастасија и Гудељ е единствениот начин ќерката на Цеца да добие шпанско државјанство. Поради ова нејзиниот Инстаграм беше преплавен со прашања дали е веќе мажена, а ако не, дали можеби е бремена, што би ја забрзало постапката за преселување.
Бидејќи ниту еден од нив јавно не се огласи останува да видиме дали тајната венчавка на Анастасија и Гудељ навистина се случила или партнерите најдоа друго решение кога станува збор за визата за подолг престој во Шпанија на пејачката.
Да потсетиме, Анастасија и Гудељ на 30 март 2022 година ја започнаа љубовната романса.
Иако младата пејачка првично немаше големи очекувања од врската со фудбалерот, со оглед на тоа што живеат во две различни земји и се занимаваат со работи за кои е потребно многу време сепак времето покажа дека за вистинската љубов не постојат граници.
Во текот на оваа година колку што се во љубовна врска Анастасија и Гудељ успешно ги надминаа сите пречки, а ги имаше доста.
Како што шпекулираат српските медиуми, наследничката на Цеца е во лоши односи со женскиот дел од семејството на Немања, но тоа не ги спречува да уживаат во хармонична врска.