Новости
НАЈТАЖНИОТ МОМЕНТ ОД ХРВАТСКА ВО ЕДНО ВИДЕО: Криците на мајката која дознава дека детето и е починато!
Ова е најтажната слика која ќе ја видите од земјотресот во Хрватска
Страотен земјотрес со јачина од 6,3 степени го погоди хрватскиот град Петриња.
Целиот град е разурнат, голема е матријалната штета, а за жал има и жртви.
Животот го загуби 12 годишно девојче, а болката која ја чувствува нејзиното семејство по загубата најдобро ја опишува видеото на кое се слушаат болните извици, додека урнатините се гледаат во позадината.
За време на преносот во живо од местото на несреќата во Петриња, репортерот на регионалната телевизија Н1 едвај се слушал поради силните крици на жената, која, како што објасни новинарот, штотуку дознала за страшната вест дека нејзиното дете е починато.
Izuzetno su bolne ove scene u Petrinji, izgleda da je zemljotres pogodio vrtić i bolnicu. Zvuci patnje i šoka roditelja izazivaju veliki bol i tugu. Molimo se da je žrtava što manje i da nećemo čuti da je još dece izgubilo život. pic.twitter.com/5oCvTeglNd
— Sergej Dojcinovic (@sergdojc) December 29, 2020
Заменик директорот на болницата во Сисак, Марин Репустиќ, изјави дека има многу повредени во вчерашниот земјотрес и дека состојбата во градот е ужасна.
“Страшно е. Ни носат повредени од сите страни. Има многу повредени”, рече Репустиќ за Index.hr.
Од урнатините на една зграда беа спасени татко и дете по силниот земјотрес во Петриња.
Спасувањето се одвиваше во јавување во живо за телевизија N1….
Spašavanje nakon zemljotresa u Hrvatskoj uživo na N1 pic.twitter.com/rySAmPs72U
— TV N1 Sarajevo (@N1infoSA) December 29, 2020