Кафе муабет
Најслатките моменти со внукот на Цеца – нема ни една година, а веќе е хит на Инстаграм
Малиот Жељко со својот шарм ги освојува сите
Внукот на Цеца, Жељко Ражнатовиќ, нема ни година дена, а веќе ги освои срцата на многу луѓе на социјалните мрежи.
Жељко очигледно го наследил карактерот на својот татко, па можеме да видиме дека е едно весело и среќно момче.
Благодарение на тоа што неговите родители, Вељко и Богдана Ражнатовиќ, како и фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ, често го фотографираат и снимаат бебенцето и материјалот го објавуваат на социјалните мрежи, фановите можат да видат како Жељко расте и во што ужива најмногу.
Тој со секое свое појавување на социјалните мрежи ги воодушевува бројните фанови на неговите родители и баба.
Знае како да ги насмее сите, но и да ги разнежи, а познатата пејачка и пресреќна баба неодамна сподели и видео на кое се гледа како Жељко се гуша и бакнува со својот братучед, синот на сестрата на Цеца, Лидија.
Претходно и Вељко објави видео на кое се гледа Жељко додека неговата мајка го храни и ги воодушеви сите.
Потоа Цеца сподели уште едно видео на кое се гледа малиот како ужива опкружен со своите играчки, но и се слушаше неговото гласно смеење. Обожавателите на Цеца коментираа дека се смее како мало ангелче, а тој ги воодушеви и кога пејачката во една пригода му го даде мобилниот и му пушти музика за деца, но жељко наместо да ужива во репертоарот, гледаше во телефонот.
Погледнете некои од најслатките моменти со него: