Кафе муабет

НАЈПОЗНАТИОТ ТУРСКИ ПАР СТАВИ КРАЈ НА ЉУБОВТА: Еве зошто Ханде го напушти популарниот актер!

Долго ја криеја љубовта...

Ханде Ерџел и Керем Бурсин публиката ги запозна како Еда и Серкан во популарната ТВ серија „Чукни ми на врата“, а двајцата турски актери долго време криеја дека и во приватниот живот тие се во врска.

Фото Инстаграм/Ханде Ерџел

Дури кога беше откриено дека се на заеднички одмор на Малдиви, решија да ја признаат својата љубов и тоа се одвиваше, околу година и половина, пред очите на јавноста.

Меѓутоа, сега Ханде решила да раскине со Керем, но на своите придружници не им кажала ништо за тоа.

Фото Инстаграм/Ханде Ерџел

Речиси 30 милиони нејзини следбеници уживаа во снимката на поранешната мис на Турција од Лондон, каде црномурестата убавица е сосема сама.

Фото Инстаграм/Ханде Ерџел

Ниту Серкан се уште не се огласи по оваа вест но турските медиуми пишуваат дека силното его на двете ѕвезди било главниот камен на кој се сопнале.

Фото Инстаграм/Ханде Ерџел

Се чини дека актерската суета сепак ја згасна љубовта за која многумина мислеа дека води до брак.
За потсетување, пред четири години медиумите пишуваа дека на својата 33 годишна колешка Мерве Болугур, која што ја глумеше султанката Нурбано во „Сулејман Величествениот“, наводно и го земала мажот, пејачот Мурат Далкулич (37).

Таа наводно ја искористила нивната криза во бракот, а постојат гласини и дека Мурат се развел од сопругата токму заради неа.

Фото Инстаграм/Ханде Ерџел

Таа со своите 15 милиони фанови важи за една од најпопуларните жени во Турција на социјалните мрежи. И додека во „Црниот бисер“ гледачите ја гледаа како се мачи со љубовните проблеми, во приватниот живот оваа фатална дама очигледно им претставува проблем на другите жени.

Фото Инстаграм/Ханде Ерџел

Па така наводно и Керем пред да ја сретне убавата Ханде бил во среќна врска, а како што пренесуваат медиумите, тој наводно не можел да и одолее на актерката, посебно по големиот број романтични и интимни сцени што ги снимале заедно. Парот и покрај тоа што ги демантираше таквите гласини, фотографиите што и двајцата ги објавија на социјалните мрежи ги разоткрија.

Фото Инстаграм/Ханде Ерџел

Инаку, Ханде која кариерата ја започна како модел, во центарот на вниманието се најде неодамна која странските медиуми ја споија со Бред Пит. Наводно, за неа пишуваа дека популарниот холивудски актер не можел да и одолее, а американските медиуми пишуваа како 57 годишниот Бред откако прв пат ја видел како глуми во една од нејзините улоги се воодушевил и од тогаш често го посетувал нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Фото Инстаграм/Ханде Ерџел

„Доста му е од жените во Холивуд, се обидува да дојде до Ханде, но не сака да го направи тоа преку социјалните мрежи бидејќи така не се чувствува безбеден“. Наводно до Ханде стигнала информацијата дека Бред е маѓепсан од нејзиниот шарм и тоа навистина и годи. Кога имала 16 години била вљубена во него и сега не може да поверува дека ја забележал.

„Сигурен сум дека ќе отидат на заедничка вечера“, изјави тогаш извор за странските медиуми.

Фото Инстаграм/Керем Бурсин
Фото Инстаграм/Керем Бурсин
Фото Инстаграм/Ханде Ерџел
Фото Инстаграм/Ханде Ерџел
Фото Инстаграм/Ханде Ерџел
Фото Инстаграм/Керем Бурсин

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close