Кафе муабет
Најмладиот Ѓоковиќ ја однесе својата девојка во Марбела! Водителката која го одзема здивот покажа со кого најмногу се забавува!
Парот ужива во љубовта...
Помладиот брат на Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе Ѓоковиќ, ужива во врска со атрактивната водителка Сашка Веселинов.
Парот наводно е во љубовна врска веќе десет месеци а новата година ја дочекаа во Марбела, Шпанија.
Водителката со своите следбеници на Инстаграм сподели слики од сончевата Марбела на кои позира со своето момче, а друштво им прави неговиот брат Марко.
Ѓорѓе и Сашка до сега ја држеа врската подалеку од очите на јавноста.
Братот на Новак и неговата девојка се запознале преку заеднички пријатели и живеат заедно веќе три месеци, во луксузна населба во Белград.
Сашка, која работи како водителка на спортска телевизија, ја запозна пошироката јавност во 2017 година кога беше избрана за прва придружничка на натпреварот за Мис Ју.
Таа е многу активна на Инстаграм, каде ја следат повеќе од 20.000 луѓе, а секојдневно објавува свои фотографии, а следбениците ја опсипуваат со бројни комплименти.
Инаку точно две години не се знаеше ништо за емотивниот живот на најмладиот од тројцата браќа Ѓоковиќ.
Откако стави точка на четиригодишната врска, се беше интересно, но никој не успеа да открие дали некоја нова убавица го освоила неговото срце.
Но сега јасно е како Сашка успеала да го освои најмладиот Ѓоковиќ. Судејќи по физичкиот изглед не е ни чудно што Ѓорѓе паднал на неа.
Таа откри дека е во врска со него откако неодамна објави фотографија на својот профил на Инстаграм и напиша: љубовта е мојот одговор на сè!