Кафе муабет

Нашата позната водителка „распали“: СЕ ИЗВИНУВАМ НА СИТЕ ШТО МИСЛАТ ДЕКА Е СРАМОТА МАЈКА НА ДВЕ ДЕЦА ДА НОСИ КРАТКА СУКЊА

Водителката остро до хејтерите...

Јавноста ја запозна како една од првите водителки на утринската емисија на Канал 5 телевизија каде заедно со водителот Роберт Јанков ја водеа програмата.

Фото:Фејсбук/Милена Антовска Станковска

Милена Антовска, а последните неколку години и Станковска важи за една од најубавите и најзгодни тв-лица кај нас.

Фото:Фејсбук/Милена Антовска Станковска

Изминатата година Милена паузираше од тв-екраните, користејќи породилно отсуство по втор пат откако на свет ја донесе нејзината втора ќеркичка Јоана.

Фото:Фејсбук/Милена Антовска Станковска

По пораѓајот со Јоана, водителката за Женски магазин раскажа дека второто породување било доста потешко од првиот пат, а причината била тоа што во моментот кога се породила била заразена со Ковид-19.

Фото:Фејсбук/Милена Антовска Станковска

Минатиот месец, во октомври, водителката се врати на работа, пред малите екрани, па на социјалните медиуми сподели:

,,Како да не поминала една година. Имав навистина убаво утро и топло добредојде од моите гледачи. Додека не влегов во студио всушност не бев ни свесна дека ова ми недостасувало’’, напиша Милена.

Фото:Фејсбук/Милена Антовска Станковска

И покрај тоа што после пораѓајот водителката се пожали на својата тежина, на најновите фотографии таа изгледа навистина згодно.

Фото:Фејсбук/Милена Антовска Станковска

Водителката неодамна ја покажа и својата ќеркичка Јоана на социјалните мрежи, па и таа како и нејзината позната мама доби низа комплименти дека е преслатка но дека е копија на тато Гордан.

Фото:Фејсбук/Милена Антовска Станковска

Денес, водителката остро преку иронија се обрати до хејтерите.

фото инстаграм/Милена Антовска-Станковска

 

Објави фотографии во кратко здолниште и под нив стави опис:

Фото:Фејсбук/Милена Антовска Станковска

-Се извинувам на сите што мислат дека е срамота мајка на две деца да носи кратка сукња’’, напиша Милена на Фејсбук.

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close