MAMA

Научниците тврдат: Oние што повторно ќе се заразат со Ковид 19, нема да бидат ОПАСНИ за околината

Според нив, сè поверојатно е дека нема да им треба самоизолација

Научниците сега тврдат дека оние што повторно ќе се  заразат од Ковид 19  нема да може да ја заразат својата околина

Според нив, сè поверојатно е дека нема да им треба самоизолација.

Неодамнешниот панел на SAGE (Научна советодавна група за вонредни состојби) укажува на доказите на најдобрите вирусолози кои покажуваат дека пациентите кои еднаш имале коронавирус не можат повторно да бидат активни доколку се реинфицираат во рок од неколку месеци.

Иако научниците сè уште не знаат со сигурност дали оние што закрепнале може повторно да се заразат, вирусолозите велат дека има се поголем доказ дека со развојот на антитела има „помали шанси повторно да заразат други “ дури и ако повторно сте позитивни.

– Тестирањето на ПЦР е многу чувствително и може да открие присуство на вирусот долго откако една личност ќе оздрави  – наведува САГА, додавајќи дека многумина кои веќе го прележале и повторно се разболеле не може да инфицираат дург, дури и кога вирусот е во крвта со недели по борбата со ковид.

Во овој период на интензивна борба со коронавирусот насекаде низ светот, забележан е и се поголем број на повици до СОС линиите, се јавуваат лица кои се во домашна изолација зошто се позитивни на ковид-19, вели д-р Ивана Сташевиќ Карличиќ, директор на Клиниката за психијатрија „д-р Лазо Лазаревиќ“ во Белград.

Бројот на психијатриски прегледи или хоспитални лекувања во клиниката не е зголемен во однос на истиот период претходната година, но ја нагласувам разликата во смисла на голем процент на први јавувања и први хоспитализации. Најчесто станува збор за сензитивни структури, лица кои на некои други животно стресни настани најверојатно би развиле некои психички симптоми, а поради специфичната структура на личноста и недоволно развиените адаптивни механизми и толеранција на стрес“.

Според неа помош бараат луѓе од најразлична страросна структура. Досега најмладата личност имала 16, а најстарата 92 години.

„Најчесто станува збор за лица кои ви претходно биле психијатриски лекувани и на кои има била неопходна корекција на фармакотерапијата која веќе ја земале. Исто така, претходните неколку недели постои тренд на зголемување на бројот на повици на СОС линијата – се јавуваат луѓе кои се во домашна изолација зошто се позитивни на ковид-19. Тие најчесто се жалат на страв, неизвесност, чувство на вина, пад на расположението, лошо спијат и се плашат од лош исход. Во овие ситуации тераписки дејствуваме во смисла на поддршка, давање на корисни информации како и советување за хигиенско – диететскиот режим и неопходната измена на дотогашната животна рутина, вели д-р Ивана.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close