Градинка

“Му дозволувам на моето дете да се брани ако некој го удри”- исповед на една мајка која предизвика бура од реакции!

Дали вака ќе се реши проблемот...

Насилството помеѓу врсниците стана вообичаено, а родителите се обидуваат на секој начин да ги заштитат своите деца и да ги научат како да се заштитат себе си.

Повеќето ќе се согласат дека одмаздата не носи никакви резултати или решенија за проблемот, но една мајка не се согласува со ова- згора на тоа, таа го учи своето дете да му врати на оној што прв ќе го нападне и гордо го признава тоа.

Јас само би сакалa да потсетам дека децата поминуваат осум или повеќе часа во градинките, додека тие поминуваат двојно повеќе време со своите родители. Ќе набројам само два, најнови примери за педагошка работа на воспитувачи (а би можела да набројам милион други).
Родителите се главно попустливи и незаинтересирани, што е повторно еден вид занемарување на детето. Зошто никој не реагира?

Во групата каде што е моето дете (пет години), воспитувачите дозволуваат создавање „кланови“.

Моето дете не смее да игра со оваа или онаа играчка, бидејќи само Перо, Мика, Жика играат со неа.
Што мислите, каква е веројатноста некои од овие деца подоцна да научат што значи „НЕ“, што значи пријателство, што значи тимска работа, дека не може да биде сè онака како што сакаат затоа што не се во центарот на светот?

Кога еден пријател од групата ја удрил ќерка ми со нога во стомакот, таа не се осмелила да и каже на учителката затоа што не е убаво да се жали. Само бебињата се жалат. И тогаш имаме дете кое извршило насилство и поминало без предупредување, неказнето.

Каква порака испраќаме? Дали е тоа нормално? На најрана возраст ги учат да молчат и трпеливи, затоа што, за Бога, вие сте бебе ако се жалите.

И, да, јас сум мајката која го учи своето дете дека треба да врати ако некој ја повреди прв. Ако не може да и каже на воспитувачката, таа нема да забележи, а јас не сум таму, кој ќе ја заштити? Мислам дека насилството не е решение, но не е решение да страдаме и да бидеме жртва.
Ако има деца кои се отворено агресивни, каде се психолозите? Каде е Центарот за социјална работа? На кого, како родител, треба да се жалам за работата на воспитувачите и дали сметате дека има шанси да постигнам нешто со тоа?

Не мислам дека целиот систем работи вака. Некои воспитувачки не се заинтересирани, повеќето родители исто така, и јас не би споменала внатрешна контрола и надзор над градинките.
Можевме да постигнеме нешто само преку тимска работа, но за жал. Секој само лелека за својата судбина – мали плати, многу деца во група, родителите работат многу, па им даваат на своите деца таблет и што и да е, само за да се одморат.

Најлесно е да ги затворите очите и да се преправате дека нема проблем. И можеби тој проблем ќе се реши сам “, искрено напиша една мајка.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close