Кафе муабет

,,МУ ДАДОВ НЕПОСТОЕЧКИ БРОЈ НО СЕПАК УСПЕА ДА МЕ ПРОНАЈДЕ’’ – Љубовната приказна на водителката од Брза кујна Сања со нејзиниот партнер Томи

Љубовната приказна на водителката на Брза кујна...

 

Пред околу две години најгледаното кулинарско шоу во земјава ,,Брза кујна’’ кое се емитува на Сител телевизија претрпе сериозни промени.

Фото:Фејсбук/Сања Савеска

Шоуто започна со ново руво и нова водителка. Имено, наместо водителката Александра Илиевска, во улога на водителка застана Сања Савеска.

Фото:Фејсбук/Сања Савеска

Сања е познат лик кој претходно беше дел од утринската програма на Тв 24.

Фото:Фејсбук/Сања Савеска

Секогаш средена од глава до пети, насмеана и позтивна, гледачите се чини како прекрасно да ја прифатија.

Фото:Фејсбук/Сања Савеска

Сања е доста активна на социјалните медиуми каде со своите фанови споделува дел од своето секојдневие.

Фото:Фејсбук/Сања Савеска

Во своето последно интервју за Женски магазин искрено ја раскажа својата љубовна приказна со неврохирургот Томи Камилоски.

Фото:Фејсбук/Сања Савеска

,,Ништо не е случајно во животот па ниту нашата прва средба. Беше тоа една прослава на заеднички пријател каде што и двајцата бевме поканети. Искрено, тој ден бев многу уморна и не бев расположена да одам, но сепак одлучив на кратко да се појавам. Таму се појави и тој. Ми пријде и се запознавме. Не му го слушнав името и не знаев ни како се вика, пред да си одам ми побара број, од што бев збунета му го кажав мојот стар број од пред 10 години, раскажа Савеска за Женски магазин.

  Фото:Фејсбук/Сања Савеска

Јас си тргнав дома додека другите продолжија со забавата, а на заминување ја прашав една заедничка пријателка како се вика. Кога стигнав дома сфатив дека сум му дала непостоечки број. Баш убаво си реков во тој момент “комплимент” сама на себе (се смее).  А тој, Томи, ни Фејсбук, ни Инстаграм немаше. Но, сепак тој успеа да ме пронајде и започнавме убава дружба која брзо прерасна во врска”– искрена е водителката.

Фото:Фејсбук/Сања Савеска

На прашањето како ја освоил партнерот Сања кажа дека Томи бил многу внимателен, забележувал детали, а тоа ја фасцинирало.

Фото:Фејсбук/Сања Савеска

Љубовта не е еден миг, таа пламнува во еден момент, но трае само доколку ја чуваш и негуваш. Внимание, почит и разбирање. Многу трпение и толеранција. Доверба која мора да биде цврста. Секоја врска има свои проблеми, никаде не цветале само рози и сето тоа е нормалн, открива Сања како ја негуваат љубовта и врската.

Фото:Фејсбук/Сања Савеска

За Женски магазин Савеска раскажа дека со партнерот обожаваат да пешачат и активно да го користат времето.

Фото:Фејсбук/Сања Савеска

И двајцата сакаме здрава храна па често ете експериментираме и во кујната, да си направиме нешто вкусно и здраво, призна водителката.

Фото:Фејсбук/Сања Савеска

Фото:Фејсбук/Сања Савеска

Фото:Фејсбук/Сања Савеска

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close