Кафе муабет
МОРАШ ДА СЕ ИЗВИНИШ НА МАЈКА МИ: Новак Ѓоковиќ се закани дека ќе ја остави Јелена ако не се смири со Дијана!
Хаос во бракот на Новак и Јелена...
По триумфот во Рим, Новак Ѓоковиќ реши да се посвети на средување на семејните односи, а со тоа да стави крај на конфликтот меѓу сопругата Јелена и мајката Дијана.
Имено, Новак Ѓоковиќ ја услови Јелена што поскоро да и се извини на мајка му, исцрпен од семејната ситуација и несогласувањата кои траат предолго.
-Новак не сакаше да се меша во нивната врска мислејќи дека тоа е само фаза низ која минуваат. Бидејќи работите не се сменија, Новак одморот ќе го искористи за да ги смири Јелена и Дијана, бидејќи се отиде предалеку. Откако Дијана во една емисија изјавила дека им дозволува на внуците да јадат сè, Јелена му испратила на Новак клип од шоуто, велејќи дека е непримерно Дијана да зборува така во јавноста. Новак тогаш и рекол дека и таа мора да ја спушти топката и дека би било убаво двете да седнат и конечно да разговараат – вели извор за „Стар“ и додава:
– Јелена пред две години кажа нешто што многу ја повреди Дијана и Ноле смета дека треба да и се извини за тоа, за да продолжат без срам. Тој и нагласил на Јелена дека не му треба притисок и дека може да имаат проблеми доколку двете не се помират, бидејќи не сака да избира меѓу мајка и сопруга. Јелена беше изненадена што овој пат не застана на нејзината страна.
Останува да видиме дали конечно ќе се реши конфликтот меѓу свекрвата и снаата и ќе го растерети тенискиот ас.
Новак и Јелена се запознале во 2005 година на тениски турнир во Белград…
Се среќавале повремено а три години подоцна се заљубиле. Се роди љубов, а потоа почнаа турнири, жртви и многу разбирање. Ноле патувал на турнири, биле разделени неколку месеци, но љубовта преживеала.
Јелена е директорка на Фондацијата, која се занимава со собирање средства за помагање на сиромашните деца во Србија, уредник на списание и секојдневно ја изразува своите афинитети кон бизнисот.
Мајката на Ноле, Дијана не ни можела да замисли дека нејзиниот син ќе се ожени со девојка која ја запознал на 18-годишна возраст, пренесува b92.net.
„Како млад човек кој игра тенис, немаше време да се забавува. Повеќе беше на пат отколку дома. Запозна девојка која беше одбојкарка од Краљево. Тие беа деца. Подоцна ја запозна и Јелена , кога имаа 18 години. Не мислев дека ќе се венчаат. Но тој го поби моето мислење и се ожени со Јелена“, изјави Дијана Ѓоковиќ.
Мајката на Ноле во една прилика призна дека не поддржува некои работи кои ги прави нејзината снаа но се труди да не се меша во животот на нејзиниот син.
„Нормално и природно е Јелена да преземе некои работи. Не би било добро јас да се мешам. За жал, тие ретко доаѓаат, создадоа свое семејство и своја оаза, а Јелена прави некои работи на свој начин што не го поддржувам“, призна Дијана Ѓоковиќ во интервју за Блиц.
Да потсетиме, Новак и Јелена својата голема љубов ја крунисаа со брак на 10 јули 2014 година. Сега тие се горди родители на синот Стефан и ќерката Тара.
Како Ноле се согласува со мајката на Јелена?!
Вера Ристиќ, мајката на Јелена Ѓоковиќ и Миомир Ристиќ, таткото на сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, се многу горди на својaта наследничка не само затоа што таа беше најголемата поддршка на познатиот спортист туку и за нејзиниот личен успех во дигитална и секоја друга комуникација и активно управување со Фондацијата именувана по Новак.
Иако овој факт е речиси општо познат, се знае какви се речиси сите меѓучовечки односи во широкото семејство Ѓоковиќ-Ристиќ, особено врската меѓу Јелена и мајката на Новак, Дијана Ѓоковиќ, бидејќи тој однос предизвика најголемо медиумско внимание.
Но, веројатно поради големото нагласување на таа линија, односот меѓу мајката на Јелена Ѓоковиќ и самиот Новак остана во сенка. Дали Вера Ристиќ е малку потаинствена отколку што Дијана Ѓоковиќ се обидува да биде како свекрва? Одговорот во овие неколку примери досега може да биде потврден.
Секаде се нагласува дека Вера отсекогаш отворено ја поддржувала не само сопствената ќерка, туку и Новак. Најдобар доказ за тоа се нејзините чести појавувања на натпреварите на Новак , каде често го бодри од првите редови.
Но, мајката на Јелена Ѓоковиќ во Србија има углед на некој кој активно учествувал во загадувањето на еколошкиот систем на земјата како жена која како директор на енергетските компании се залагала за изградба на мини хидроцентрали. Јелена неодамна почувствува потреба јавно да се изјасни по ова прашање.
-Мајка ми со години не се занимава со изградба на МХЕ и нема никакво влијание врз последните проекти што се реализираат во земјава. Жал ми е ако природата настрада во Србија поради создавање на мали хидроцентрали, бидејќи тоа не е смислата на одржлива енергија. Но, убедена сум дека никој од моето семејство не придонел за тоа – изјавила неодамна сопругата на Новак.