Дом и семејство

Момчето на Анастасија мета на критики: Јавноста згрозена од овие фотографии! Мајката го гушка во кревет, а сестра му ја БАКНУВА ВО УСТА (ФОТО)

Необичен однос на семејството...

Семејството Гудељ особено е застапено во медиумите откако се обелодени врската на Немања со ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Но покрај врската со младата пејачка, семејството на Гудељ веќе неколку месеци е главна тема во медиумите а воедно и мета на критики поради нивното невообичаено гушкање и бакнување, што многумина го сметаат за непримерно.

фото инстаграм/Вања Гудељ

Корисниците на Твитер особено реагираа на фотографијата на која Вања Гудељ, помладата сестра на Немања Гудељ, го бакнува својот брат директно во уста.

фото инстаграм/Вања Гудељ

Покрај оваа, голем е бројот на фотографии на кои и другите членови на семејството имаат сличен однос.
На пример, на една од фотографиите Немања Гудељ лежи гол во кревет, а неговата мајка го гушка одзади и го бакнува по рамо.

фото инстаграм/Вања Гудељ

Од друга страна, Вања има ваков однос со другиот брат – Драги Гудељ, кого исто така на сличен начин го бакнува во уста и до уста на некои од фотографиите кои самата ги објави.

фото инстаграм/Вања Гудељ

Немања Гудељ од неодамна е во врска со Анастасија Ражнатовиќ а какво е нејзиното мислење за ова, јавноста се уште не знае.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Дека Немања е многу поврзан со своето семејство покажува и фактот што секогаш со него се неговиот брат или пак мајката и сестрата па дури и во оние моменти кога би требало да биде насамо со својата девојка.

фото инстаграм/Вања Гудељ

Така ова лето, парот беше на летување во Ибица, но повторно не беа сами. Со нив беше целото семејство Гудељ.

фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Свекорот е познат спортист

Не е тајна дека Оливера и Небојша брилијантно ја прифатиле снаата, а се дознало и дека Немања потекнува од вистинско спортско семејство и дека и свекорот на Анастасија Ражнатовиќ бил фудбалер.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Имено, Небојша кариерата ја започна во Босна, од каде дошол во Партизан, чии бои ги бранел три години. Во текот на својата фудбалска кариера настапувал за шпанските клубови Логронес и Леганес. Девет години бил во Холандија и одиграл дури 300 натпревари за Бреда, а кариерата ја завршил во 2006 година во Спарта.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Таткото на Немања и по завршувањето на кариерата останал со фудбалот и моментално е технички директор на кинескиот клуб Хубеи Истар.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Братот на Немања, Драгиша и сестрата Вања исто така спортисти, а како што еднаш откри свекорот на Анастасија Ражнатовиќ, столб на семејството и понатаму е неговата сопруга Оливера, која го издржала сиот товар на своите плеќи, почнувајќи од тренинзите, патувањата и карантинот на Небојша, па завршувајќи со воспитувањето на три деца кои речиси сама ги донела на вистинскиот пат.

фото инстаграм/Небојша Гудељ

Неодамна Небојша објави семејна фотографија на својот Инстаграм профил и покажа колку е горд на своите деца и сопругата.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Да потсетиме, Анастасија и Гудељ заедно се веќе седум месеци а бидејќи тој поради професионалниот ангажман престојува во Севиља, ќерката на фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ се навикна на животот Србија- Шпанија.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Во родниот град доаѓа главно поради деловни обврски и да се види со семејството и пријателите, додека остатокот од времето го поминува со својот избраник во Севиља.

фото инстаграм/Немања Гудељ

Сепак, иако е среќна покрај Немања, Анастасија признава дека никогаш не би ја запоставила својата музичка кариера и дека и е многу важно фудбалерот да ја поддржи во тоа, бидејќи никогаш не би се согласила да биде со маж кој би ja naтерал таа да избира меѓу него и работа.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

„Доколку моето момче ме замоли да изберам помеѓу кариера и љубов, во тој момент би знаелa дека не сум со вистинската личност, бидејќи личноста која ме сака знае колку ја сакам мојата работа и никогаш не би ме принудила да изберам. Во таа ситуација секогаш би избрала работа“, изјави неодамна Анастасија за „Блиц“.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Инаку, пејачката зборуваше и за заедничкиот живот со Гудељ, не криејќи колку е среќна.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

„Па, нашата врска не е на далечина. Јас често сум во Шпанија, како што можете да видите од моите профили на социјалните мрежи. Во Србија доаѓам кога имам деловни обврски, тоа е секако мојот приоритет сега. Кога имам нешто овде, тогаш морам да се вратам. Штом ќе завршам со обврските во Србија одам во Шпанија. Не знам кога официјално преминува во заеднички живот. Јас сум таму со него, јас и Немања живееме во истата куќа во Шпанија.Наречете ја како сакате, но јас живеам таму кога сум таму“, изјави неодамна таа и додаде дека нејзината љубов секогаш е на прво место:

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

„За мене љубовта е најважна работа на светот, таа секогаш ми е приоритет, кон семејството, пријателите, партнерот. Се што е убаво доаѓа од љубовта, рече Анастасија.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close