Кафе муабет
Модни парчиња во кои ќе изгледате тренди и неодоливо: Најдобро облечените жени ги знаат овие трикови
Неколку совети за следната сезона...
Започнува новата сезона пролет-лето а ние имаме неколку совети како да изгледате модерно и тренди во секоја прилика.
Иако времето е променливо па многумина се решаваат во текот на денот да носат полесна облека, сепак во попладневните часови доаѓа до заладување па со себе мора да имате соодветно палто или јакна.
Преодните палта како тренч мантили, лесни кожени јакни повторно се одговор на комплицираното прашање: „Што да облечам денес?“ Основните парчиња кои лесно се комбинираат на многу начини се подеднакво важни.
Исто така, хеланките во стил на панталони се дел од овогодинешниот пролетен тренд – стилизирајте ги со кое било од парчињата споменати погоре и очекувајте комплименти за совршената комбинација.
Практичен дневен фустан, или кошула со панталони, е секогаш добар избор. Искомбинирајте со чизми до колена за вечерно излегување или со модерни патики за дневен изглед.
Дизајнирањето на вашата модерна пролетна гардероба никогаш не било полесно – ниту изгледало постилски – со овие задолжителни парчиња кои мора да ги имате во вашата гардероба.