Кафе муабет

Барбара неможе да се помири со лагите за неа: Луѓето од моето родно село нема да ми го простат успехот!

Кога станува збор за селото од кое потекнувам, тоа се луѓе кои воопшто не ме гледаат...

Пејачката Барбара Бобак е една од омилените теми во медиумите откако започна емотивна врска со колегата Дарко Лазиќ, а иако многу се пишува за неа, таа истакнува дека многу ретко од она што ќе прочита за себе ја погодува.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак
Фото Инстаграм/Барбара Бобак

Но неодамна пејачката не можеше да остане рамнодушна на една статија која посебно ја погоди и ја извади од колосек.

Станува збор за исповедта на нејзините соседи кои со задоволство прифатиле да зборуваат за неа за еден српски медиум.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак
Фото Инстаграм/Барбара Бобак

– Кога станува збор за селото од кое потекнувам, тоа се луѓе кои воопшто не ме гледаат. Разговарав со новинарите кои се овие луѓе кои зборуваат за мене. Станува збор за бербер. Ова е човек кој умее да „плука“ пола село. Кога влегуваш во салонот кај него, озборува, кога ќе излезеш ти те озборува со следниот што ќе влезе во неговиот салон – истакна Бобак.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак
Фото Инстаграм/Барбара Бобак

– Не можам да верувам дека луѓето се толку малигни и злобни. Имате шанса да кажете нешто за некого, и тоа го правите. Па, јас можам да бидам твоја ќерка, а ти кажуваш такви работи за мене, а не ме познаваш. Ти имаш 50, а јас 23! Не се гледаме, немаме никаков контакт – налутено додала пејачката.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

– Се што кажа за мене, го кажа од чиста злоба. Такво е селото и селската средина. Затоа заминав. Луѓето воопшто никогаш нема да ви простат за вашиот успех, особено не на мали места, посочи Барбара.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

Требала да го наследи семејниот бизнис!

Барбара неодамна откри со што се занимавала пред да започне со пеење.

Фото Инстаграм/ Барбара Бобак

– Потекнувам од обично, нормално семејство. Јас бев од Вуковар во основно училиште, одличен ученик во средно. Долго работев како копирајтер во една австралиска компанија бидејќи се трудев од 18 години да не им бидам товар на родителите и да се осамостојам. Работев и во теретана пред да почнам да ги пишувам тие написи на англиски – изјави Барбара во емисијата „Црвена зона“.

Фото Инстаграм/ Барбара Бобак

– Желбата за пеење дојде случајно кога на социјалните мрежи видов објава на другарка која е пејачка. Секогаш пеев убаво, но ми беше срам да пеам пред други. Седев во тој момент со пријатели од факултет кога го видов тоа видео. Инаку студирав програмирање.

Фото Инстаграм/ Барбара Бобак

– Работевме некоја алгебра што катастрофално ми одеше и само реков: „Не знам што правам овде, ќе се обидам како пејачка, па што сака нека биде! “. Брзо почнав да пеам на свадби и свирки. За мене брзо се дозна, дали поради харизма или поради пеењето, но на сите им се допадна тоа што сум поразлична – ја продолжи приказната Барбара.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

– Брзо почнав да работам многу, па се уште не сум свесна за се што ми се случува. Татко ми, кој е сопственик на приватна транспортна компанија, сакаше јас да го наследам семејниот бизнис, но за мене тоа отсекогаш беше машка работа, а јас отсекогаш го сакав лесниот динар. Мајка ми е медицински работник, имам помал брат, се на се, секогаш сме воделе нормален живот на просечно семејство.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

-Никогаш ништо не ми недостасуваше, па сега да морам да запловам во пејачките води поради тоа. Само така се поставија работите. На моите родители им требаше долго време да го сварат фактот дека решив да пеам затоа што секогаш покажував афинитет кон учење и некоја канцелариска работа – открила пејачката.

Фото Инстаграм/Барбара Бобак

-Се надеваа дека во одреден момент ќе се вразумам и ќе се фокусирам, па ќе ја наследам фирмата на татко ми. Меѓутоа, кога сфатија дека музиката е мојот пат, ми рекоа само да не се жалам и да не пеам во дупки, туку сето тоа да го правам на некое ниво. Не ми кажаа ништо што не го знаев и сакав.

Фото Инстаграм/ Барбара Бобак
Фото Инстаграм/Барбара Бобак

– Секогаш правев убави, културни свирки. Доаѓав убаво облечена, закопчана до грло. Токму кога родителите го прифатија тоа, се случи ова со Дарко. Сето ова првично најмногу го погоди тато затоа што не можеше да се помири со фактот дека пишуваат глупости за неговата миленичка, која цел живот ја одгледувал и ја дотерувал да биде принцеза – низ насмевка истакнала Барбара.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
Фото Инстаграм/Барбара Бобак
Фото Инстаграм/Барбара Бобак

– Сепак, сега се навикна на тоа. Најважно ми е да сум во ред со нив, да ме разбираат и поддржуваат, па навистина не ми е гајле што ќе каже некој друг – рекла Барбара.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close