Нега и здравје

Младиот Александар кога мислел дека ја изгубил битката за живот, го спасил странец: Му донирал бубрег иако не го познава- “Ти си млад јас можам и со еден бубрег да живеам”

Александар денес одлично закрепнува...

35- годишниот Александар Катаниќод Белград активно се занимавал со спорт од својата 6-та година и немаше здравствени проблеми се до 2016 година.

фото принтскрин

За дијагнозата дознал при систематски преглед, кој му бил потребен за професионално да спортува како фудбалски судија. Тој бил пратен на лекување во Клиничкиот центар на Србија, каде му била констатирана хронична бубрежна инсуфициенција.

Со текот на времето, неговата здравствена состојба се влошуваше. Терапијата што му беше препишана немаше ефект.

фото принтскрин

Во јануари 2021 година го продолжил лекувањето на Академијата за медицински науки во Белград. Бубрезите ја изгубиле својата функција, а Александар бил принуден да оди на хемодијализа.

фото принтскрин

На само еден чекор од остварување на неговата најголема желба, а тоа е трансплантација на бубрег што би довело до негово закрепнување и враќање на нормалниот живот, се случи нешто што за малку ќе го врати на почетокот, а неговата надеж за позитивен исход ја доведе во прашање.

фото принтскрин

Александар стапил во контакт со клиника во Турција, од каде што му одговориле дека е добар кандидат врз основа на медицинската документација, но од таму му одговориле дека мајка му не може да му биде донатор, пред се поради нејзината здравствена состојба.

-Ми рекоа дека иако има педесет и пет години, нејзините бубрези изгледаат како да има осумдесет години. Затоа одлучија мајка ми да не може да биде донатор.

фото принтскрин

-Причината е затоа што доколку би ми донирала бубрег, постои опасност поради нејзината здравствена состојба за две години да заврши на дијализа, како и бубрегот кој ќе го донира да не ми трае уште многу – раскажува Александар Катаниќ. Телеграф.рс.

Но сепак Бог му испрати на младиот Александар личност која сосема му го промени животот и кога тој ја изгуби и последната надеж дека ќе успее во својата борба.

Неговата приказна е една од ретките што покажува дека сè уште има хумани луѓе, кои се подготвени да направат се што е во нивна моќ.

фото принтскрин

Целата агонија заврши кога му помогна човек кој воопшто не го познава и јавноста беше воодушевена од ваквата постапка.

Младиот Александар Катаниќ со години се бори со хронична бубрежна инсуфициенција. Бил принуден да оди на дијализа и да трпи силни болки секој ден, а потоа еден ден се случило нешто неверојатно, а се работи за тоа дека ја добил најдобрата можна вест, а тоа е дека во Белорусија му бил дониран бубрег.

фото принтскрин

Иако не успеале во таа намера веднаш бидејќи се случил пропуст сепак денес Александар доби бубрег и успешно се опоравува од тешката операција.

Во својата емотивна исповед за локалните медиуми тој рече:

„Отидовме пред етичката комисија, што е задолжително по закон за да се направи трансплантацијата, но мораше да се исполнат сите медицински услови, а тоа е да се направат сите лекарски прегледи, а особено да се направи крос меч. Односно, усогласување дали донаторот може да ми донира орган. Но, се појавивме пред етичката комисија, без воопшто тоа да биде направено. Имаше пропуст и не ни дозволија да направиме трансплантација. Наводно, бидејќи врз основа на прашањата што ни ги поставија утврдија дека јас сум „дадл пари на мојот донатор“, рече тој, па додаде:

„Ми кажа дека има голема желба да ми донира бубрег, затоа што сум млад и затоа што треба да живеам. Веруваше декоа заслужувам нормален живот, а од друга страна тврдеше дека и самиот може да живее со еден бубрег. Бев позитивно изненаден и не можев да верувам дека постојат такви луѓе. Навистина му благодарам и не знам како да му се оддолжам за се. Му платив патување и сместување во Минск, каде што беше извршена трансплантацијата, но, се разбира, тоа не е ништо во споредба со она што тој го направи“, рече тој.

– Кога пристигнав во Минск на крајот на октомври, веднаш ми закажаа операција. Стигнав во петокот, а операцијата беше во недела и траеше три часа. Бубрегот веднаш почна да функционира. По операцијата имав мали болки околу три дена, но тие беа незначителни. Ме пуштија по седмиот ден – објаснува Александар.

Александар е благодарен што доби нова шанса за живот и денес конечно може да живее без болки и со здрав бубрег.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close