Српската пејачка Александра Младеновиќ беше во врска со колегата Исак Шабановиќ, а сега, ако можеше да го врати времето, можеби ќе ги направи работите поинаку.
Едноставно збеснува кога некој ќе и го спомне Исак, а јасно е дека неславно се разделиле, бидејќи не се во никаков контакт, ниту пак Александра има пофални зборови за Исак.
– Воопшто не би го коментирала Исак. Навистина не сакам повеќе да зборувам за него. Не одржуваме контакт и не би се навраќала на таа приказна. Не ме интересира ништо што се однесува на него – изјави пејачката, а потоа призна дека се изгорела и повеќе не сака јавноста да биде запознаена со нејзиниот љубовен живот и дека нема да го покажува своето момче додека не се увери дека тој е вистинскиот.
Таа додаде дека тоа и е минато и дека го оставила зад себе.
– Немам време ни да размислувам за ниту еден маж, максимално се посветив на моите настапи. Кога ќе дојде вистинскиот ќе го покажам. Изгорев, иако не е наша вина, се случи тоа што се случи, камерите не фатија, но генерално не сум за тоа да го покажам мојот партнер, луѓето треба да се интересираат за моите песни – изјави таа.
Пејачката зборуваше за своите деловни успеси, а потоа се осврна и на свадбата која и го одбележа периодов но и за својот љубовен живот.
– Ми беше голема чест и задоволство да пеам на таа свадба, беше навистина убаво и незаборавно, сигурно ќе ми остане засекогаш во сеќавање. Имаше доволно пари, иако тоа не е важно. Секако, сите ние пејачите ја работиме оваа работа за пари, да не се лажеме, но прво мора да ја сакаш и да ја чувствуваш оваа работа, а јас сум некој што си ја сакам работата и едноставно се оди заедно со неа, и парите и пеењето – нагласува Младеновиќ па открива дали нашла некој кошаркар за себе на таа свадба:
– Не гледав, иако тогаш веќе бев слободна, но не гледав. Бев премногу возбудена и воодушевена од целата таа церемонија, нивните обичаи, беше една сосема поинаква свадба од оние од нашите простори. Не мислам и мојата свадба да биде таква, единствено ми е важно мојот иден маж да биде добар човек, шатор на ливада е добра идеја што се однесува до мене, не е важно дали е во луксузен хотел или не, се додека ме сака и почитува! Се уште не размислувам за свадба, знам само дека ќе бидам убава – се насмеа пејачката.