Кафе муабет
Мислеше дека е во среќен брак а потоа дозна за љубовницата: Исплива фотографија од Мирослав и Гордана во периодот кога тој ја изневерувал, а беше толку убава и среќна!
Гордана му прости за неверството...
Со години наназад во јавноста се пишува за бракот на познатиот фолкер Мирослав Илиќ кој преживеа медиумска хајка, откако во јавноста се дозна дека ја изневерувал сопругата со неговата љубовница Мирјана со која го има и синот Девин.
И во најтешките моменти кога бракот беше на климави нозе, сопругата Гордана Илиќ остана покрај сопругот и гордо зборуваше за нивната љубов која ништо не може да ја уништи.
Во интерес на бракот Гордана решила да остане со таткото на нејзините две деца Марко и Марија.
Малкумина ја гледаа Гордана Илиќ како пожртвувана жена лавица, која на сите начини се обидува да го заштити своето семејство и да го зачува несигурниот брак.
Повеќето, пак, ја гледаа како „слепа“ жена со здрави очи која јавно го брани својот сопруг дури и кога судот ќе одлучи дека тој е виновен.
Поради сето наведено, сопругата на музичарот доживеа, за жал, можеби и поголеми осуди од неговата љубовница Мирјана Антоновиќ.
Имено, никому не му било јасно како покрај сите изјави и тврдења на сведоците решила да му поверува на пејачот а по ДНК анализата пребродила се што е кажано и направено.
Многумина сметаат дека Гоца постапила како и секоја заљубена жена и пожртвувана мајка и сопруга.
Сепак, не смее да се заборави дека таа, како и многу изневерени жени, мора да поминала низ испрашување, непроспиени ноќи, солзи и на крајот чувството на предавство и разочарување кое следело откако дознала дека нејзиниот сопруг, додека таа мислела дека се во најголема љубов ја изневерил со друга жена и тоа не за една ноќ, туку тоа траело со години, а на крајот добил и дете со неа.
Неодамна во јавноста се појави ретка фотографија од периодот кога Гоца и Мирослав биле во најголема љубов а всушност тоа бил и периодот на прељубата.
На неа во преден план стои насмеаното и безгрижно лице на Гордана, што денес е речиси невозможно да се види. Несомнено е дека целиот развој на настаните остави трага во срцето на сопругата на музичарот, која го избра својот пат и од медиумите побара барем малку разбирање.
Девин му прости на Мирослав!
Девин Антоновиќ e вонбрачниот син на пејачот Мирослав Илиќ кој долго време сонувал да воспостави блиска врска со својот славен татко, но тоа никогаш не се случило.
Девин Антоновиќ во април годинава си ја отвори душата по макотрпниот и долгогодишен процес што го иницираше неговата мајка Мирјана Антоновиќ за да го докаже биолошкото татковство на пејачот.
‒ Набргу откако ја дознав вистината му се јавив на Мирослав и му реков: „Тоа ли е Мирослав Илиќ? Ова е Девин, твојот изгубен син од Америка.“ Имаше пауза пред да одговори: „Мило ми е што си жив и здрав“. Разговаравме за разни работи, па дури и за фудбал. Подоцна, комунициравме уште неколку пати и се договоривме да се сретнеме во Белград. Купив билет, но за жал Мирослав ми се јави една недела пред патувањето и го откажа терминот – Девин, кој по професија е анестезиолог, опиша како започнала неговата семејна сага.
– Тешко ми падна разочарувањето и сознанието дека татко ми не е таков каков што го замислував – изјави Девин.
Но Мирослав Илиќ се огласи пред извесно време на оваа тема и накратко стави до знаење дека останува на својот став:
– На таа госпоѓа и кажав дека нејзиниот син има еден татко, а тоа е тој што го признал и кој е наведен како негов татко во документите. Но, ако тој човек повеќе не сака да му биде татко, туку јас да бидам тој, мора прво да го откаже татковството на тој господин – изјавил тој, наведувајќи дека се е во ред во семејните односи на Илиќ:
– Мислам дека целта не сум јас, туку мојата сопруга. Ако некој сака да си го побара своето право, слободно нека го направи тоа. Поминавме низ ова пред многу години и ова не е прв пат моето семејство да се соочи со ова. Ова не може да нè сруши– изјавил кратко Мирослав, пишува „Стори“.