Кафе муабет
Милица е построг родител од мене: Премиерката на Србија откри како го воспитуваат синот- ова е најчудното прашање што и го поставл!
Сака слободното време да го поминува со семејството...
Ана Брнабиќ, премиерката на Србија, вчера гостуваше во емисијата на Огњен Амиџиќ, а по тој повод откри детали за нејзиниот син Игор.
– Син ми еднаш ми рече: „Како ја замени трубата со хорна?“, останав без зборови. Ги знае сите тие инструменти, сака класична музика, а има само три години. Многу е паметен, ме воодушеви кога го кажа тоа. Секогаш ги гледаме неговите омилени цртани, секојдневно се пуштаат во нашата куќа – рече Ана Брнабиќ.
На прашањето кој е построг родител Ана одговори дека тоа е нејзината партнерка Милица и истакна дека таа не е строга во воспитувањето а прикажа и приватни фотографии, како оние со нејзиниот брат и мајка.
-Со брат ми имам одличен однос, навистина. Разликата меѓу нас е само 15 месеци, секогаш сме биле блиски – изјави премиерот на Србија.
Како гостин во емисијата Амиџи шоу, премиерката Ана Брнабиќ за прв пат јавно проговори за својот приватен живот. Во таа прилика таа рече:
„Студирав во странство, но овде одев во Петта белградска гимназија и тоа е најубавиот период во мојот живот. Имав одлично друштво, иако е тешко средно училиште. Тренирав пливање.
„Бев диво дете после средно, правев глупости. Само излегување, ноќен живот… Потоа организирав рејв забава. Убаво си поминувавме на Геозавод, правевме забави во пештери на Тасмајдан… Потоа моите родители рекоа, кога не можеме да те смириме, оди во странство. Се вратив во Србија во 2002 година. Отсекогаш знаев дека ќе се вратам, затоа што нема поубаво место од Србија. Ова е мојот дом. Се мое е тука. ”
Ана откри и како го воспитуваат синот…
Не му дозволуваме да гледа цртани преку ден, само навечер“, открила премиерката и повторно посочи дека не е строг родител.
Се осврна и на нејзината партнерка Милица и посочи дека таа се грижи за нејзиниот стајлинг.
„Не знам брендови. Милица ми купува се. Навистина не знам“, изјави таа во емисијата „Амиџи шоу“, па изјави дека најмногу сака да слуша музика од осумдесеттите.
Инаку во една прилика премиерката на Србија изјави дека на неа и на нејзината партнерка Милица Ѓурѓиќ бебето потполно им го промени животот.
„Тоа е најголемата радост што ми се случила во животот“, изјави во интервју за Курир.рс премиерката на Србија за бебето што дојде во заедничкиот дом со нејзината партнерка. На прашањето дали со Милица зборува за политика, премиерката изјави дека таа е нејзин најголем критичар.
„Таа е мојот најжесток критичар. Многу е искрена и директна, што ми помага да останам со двете нозе на земја. И недостига нашиот поранешен живот и јас сум и неизмерно благодарна на целата лична пожртвуваност која што ја поднесе откако јас влегов во политика, заради која изгубивме голем дел од нашата приватност“, раскажува премиерката на Србија.
„Мојата работа бара внимание и одговорност во секој момент. Кога ќе легнам да спијам, а надвор врне, размислувам дали ќе има некаде поплави. Кога нема снег во време кога обично треба да има, му се јавувам на министерот Недимовиќ за да го прашам како ќе се одрази тоа на нашето земјоделие. А кога имам слободно време, тука е претседателот што работи. Еднаш ми се јави во седум и пол наутро, на 1 мај, за да ме праша зошто увезуваме малини кога нашите се подобри и дали сме ги добиле податоците за раст во април. Тоа малку слободно време што ќе го најдам го минувам со семејството и пријателите“, истакна таа во нејзиното интервју за Курир.рс.
Инаку, Брнабиќ во 2017 година стана првата жена премиер на Србија, а нејзината партнерка Милица Ѓурѓиќ е докторка.