Кафе муабет

“Ме исмејуваа дека живеам на нива”: Сека Алексиќ прозборе за тешкиот период и мајчинство, еве во што најмногу УЖИВА

Го пронајде мирот во Стара Пазова...

Сека Алексиќ можеби е единствената од естрадата која наместо да биде во центарот на Белград и да живее во луксузна вила на Дедиње одбра да изгради своја оаза на мирот во Стара Пазова.

фото инстаграм/Сека Алексиќ

Пејачката за прв пат реши да прозбори и откри дека многу нејзини колеги ја критикувале за ваквата одлука.

фото инстаграм/Сека Алексиќ

Таа во последното интервју кое го даде за српските медиуми вели дека била изненадена од реакцијата на некои тогашни популарни личности кога јавно кажала дека се сели во Стара Пазова и гради куќа.

фото инстаграм/Сека Алексиќ

– Луѓето од естрадата ме исмејуваа и велеа дека живеам на нива. На социјалните мрежи пишуваа многу грди работи и ми коментираа зад грб. Не реагирав. Не ни чувствував потреба, направив што сакав и чекав време да ги демантирам. Избрав да живеам на село, не сакам гужви и град, туку природа и затоа ничии коментари не ме допреа. Сега, кога се случи пандемијата на корона вирусот, сите плачеа за таква нива, каде што можеа само да стават стол и да избегаат од оковите на градскиот бетон, вели Сека и додава:

фото инстаграм/ Сека Алексиќ

– Кога ќе се вратат уморни од патувањето, каде смениле којзнае колку хотелски соби и авиони, секој од нив пиел утринско кафе со мене со чврчорење на птици и стапала во росна трева. Нема пари што можат да го купат тоа. Сега уживам во малите нешта кои ја хранат мојата душа и го радуваат моето семејство. Најдобрата одлука што сум ја донела во животот е мојот дом да биде изолиран од градската гужва и опкружен со природа и чист воздух истакна пејачката.

фото инстаграм/Сека Алексиќ

Да потсетиме, Сека неодамна најави дека во септември се повлекува од јавниот живот за по трет пат да се подложи на процесот на ин витро оплодување, но засега се откажа од плановите да стане мајка по трет пат.

фото инстаграм/Сека Алексиќ

Како што самата откри, работата и се натрупала, закажани се концерти, а планиран е и голем концерт во Белград.

фото инстаграм/Сека Алексиќ

-Многу ми се нарушија плановите за работа, работам повеќе од планираното и потоа наидовме на таков процес за концертот во Белград што е планиран за следната година. Затоа оставам бременоста да се случи спонтано – открила Сека за таблоидот „Стар“.

Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Во спротивно, за да започне ИВФ, неопходен е мир и не би требало да настапува. Синот Јаков тргнува во предучилишна возраст, па Сека се грижи како ќе остане таму сам и се плаши како тоа ќе го прифати. Згора на се, таа има понуда од нејзиниот менаџер следната година да го организира нејзиниот голем концерт во Белград и затоа нема време да оди на честите контроли и прегледи кои ги бара ин витро оплодувањето.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Првото дете Јаков го роди во септември 2016 година, а четири години подоцна, поточно во јануари 2020 година, го роди вториот син Јован.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Сека во неколку наврати истакна дека мајчинството е најубавото нешто што една жена може да го доживее, а како што рече, би сакала да добие ќерка со сопругот Вељко Пиљикиќ.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Нејзиниот постар син избрал име за сестричката а тоа е Софија.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

– Сите грешки што ги правиме како родители со првото дете, ги исправаме со второто, третото, четвртото и петтото. Се надевам дека ќе бидат пет. Се надевам. Во септември планирам повторно да одам на вонтелесно оплодување. Што и да биде, Господ да даде само здравје – изјави пејачката.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

– Замислете да родам близнаци. Колку и да даде Господ, јас сум задоволна. Макар и да не забременам повторно јас сум среќна и задоволна. Како мајка го постигнав тоа што го посакував долго време – истакна пејачката.

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Во продолжение Бонус галерија од луксузниот дом на пејачката:

ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ
ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ
ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ
Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ
Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ
Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ
Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ
Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ
Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ
фото инстаграм/Сека Алексиќ
фото инстаграм/Сека Алексиќ
фото инстаграм/Сека Алексиќ
фото инстаграм/Сека Алексиќ
фото инстаграм/Сека Алексиќ
Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ
Фото: Инстаграм/ Сека Алексиќ
ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ
ФОТО: Инстаграм/ Сека Алексиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close