Кафе муабет
“МЕГА СКАНДАЛ”: Рада земала 10.000 евра за да биде интимна со нејзин фан? – пејачката се најде среде афера по раскинувањето со Харис!
Шпекулации по разделбата со Харис...
Пејачката Рада Манојловиќ неодамна на социјалните мрежи откри дека повеќе не е во врска со Харис.
– Јас и Харис повеќе не сме заедно – напиша Рада Манојловиќ на својот Инстаграм профил.
Меѓутоа, како што нејзината објава зема замав, се огласи и Дарио Согоровиќ, кој откри се за аферата што ги збуни сите.
Тој ја нападна пејачката објавувајќи фотографии од неа со Харис заедно со не толку пријатни натписи:
„Нема нешто што не и направив!“, „Сè уште ги чувам твоите го-ли слики!“, „Искрено, таа е ништо кога ќе се соблече!“ „Не вредеше за тие пари“.
Колку и да е убаво кога сте позната личност, толку голема слава може да ви донесе и навистина лоши моменти.
„Опседнат фан“ ја обвини дека и платил 10.000 евра за да биде интимен со неа.
Станува збор за учесникот на реалното шоу „Парови“, Дарио Согоровиќ, кој ја следи пејачката на социјалната мрежа Инстаграм, често оди на нејзините настапи и сака да се фотографира со неа. Таа учтивост на Рада да позира со обожавателите овој пат отиде предалеку.
Тој објави „аукција“ на која тој што ќе понуди најмногу пари наводно добива видео од хотелот каде што тој наводно бил интимен со Рада Манојловиќ.
– Кој ќе плати најмногу, ќе му го дадам видеото од хотелот. И платив 10.000 евра, но нема ништо што не и направив за тие пари – напишал меѓу другото Сороговиќ.
“Дечкото созреа и се опамети, се разбира дека веќе не сте заедно и не сакате да коментирате зошто. Го изневерувавте на секој чекор како што го изневерувавте со мене. Сè уште ги имам вашите голи слики од хотел.Ја уништивте кариерата на толку млад дечко, ама затоа пропадна. Оној горе гледа се и враќа“, напиша тој.
– Насмевката е секогаш на моето лице. Ме познавате добро. Што и да се случувало во мојот живот, секогаш сум насмеана – изјави неодамна пејачката.
Рада Манојловиќ е позната по својата присебност во кризни ситуации, а дали тоа ќе и го разниша целокупниот углед останува да видиме.
Откако Рада објави дека не се заедно таа и Харис, почнаа шпекулациите дека родителите на младиот пејач се причина за раскинувањето.
„Иако беа во врска со години, родителите на Харис никогаш не ја прифатија Манојловиќ како потенцијална снаа. Тие веруваа дека Рада е воспитана сосема поинаку од нивниот син и дека нема да можат да живеат хармонично. Ним не им се допадна тоа што е пејачката девет години постара од нивниот син, а ниту нејзиниот поглед во животот. Сакаа сосема поинакви работи“, рекол неименуван извор за весникот Ало и додаде:
„Рада на секој начин се обидуваше да го освои срцето на семејството, но, за жал, не успеа. По пандемијата со коронавирус работите се искомплицираа уште повеќе. Тој е многу приврзан за семејството, не успеа да изгради успешна кариера во Србија, па поголемиот дел од времето го поминува во Босна. Кога и да доаѓаѓе во Босна, Рада спиеше во хотели.Никогаш не доаѓала во неговата куќа, семејството избегнувало контакт со неа. Харис повеќе не можел да го издржи притисокот и го променил однесувањето кон девојката. Иако таа на многу начини се обидувала да ја спаси врската, на крајот раскинале“, заклучува изворот.