Новости
Мајка на шест деца го роди бебето на својот роден брат: Додека тој и неговиот вереник цела година чекаа- таа реши да ги изненади!
Таа е несебична сестра...
Љубовта помеѓу братот и сестрата е вистинска и несебична, а тоа го докажа и Трејси Хулс, која прифати да биде сурогат мајка на сопствениот брат.
Несебичната Трејси реши да ја заврши агонијата на нејзиниот брат и неговиот вереник и да го исполни најголемиот сон на нејзиниот брат Ентони Диган, да се оствари во улога на татко.
Ентони Диган (38) и неговиот вереник Реј Вилијамс (30) беа воодушевени кога Трејси Хулс (42) стави крај на едногодишната потрага по сурогат.
Надежните родители кои живеат во Манчестер зедоа заем од 36.000 фунти за да финансираат три обиди на ИВФ користејќи двајца анонимни донатори и го дочекаа бебето Тео кое на свет дојде на 12 октомври 2020 година
И Ентони и Реј донирале сперма, но не одлучиле да откријат кој е биолошки татко.
Двојката знаеше дека нивното бебе ќе биде во сигурни раце бидејќи Трејси веќе имаше шест свои деца.
Ентони вели дека неговата врска со сестра му е посилна од кога и да било, откако таа му го дала најголемиот дар во животот.
Ентони, кој поседува франшиза на Subway, рече:
„Трејси и јас отсекогаш сме биле блиски – ние сме повеќе како најдобри пријатели, отколку брат и сестра.
Јас ја носев до олтарот на денот на нејзината венчавка, бидејќи нашиот татко не можеше.
‘Потоа 17 години подоцна, таа ни го роди нашиот син, кој секогаш ќе биде посебен за нас.
„Не можеме да и се оддолжиме на Трејси, не постои цена за она што го стори таа за нас.
„Ние сме толку горди на неа што влезе во оваа ситуација и ни помогна да создадеме семејство од соништата“.
Првично, парот се надеваше дека ќе успее да најде сурогат мајка преку социјалните мрежи и групи од Велика Британија за сурогат мајчинство.
Но, по една година, тие не успеаа да најдат ниту една понуда за сурогат мајчинство и полека почнаа да губат надеж.
Тие дури и не размислуваа за Трејси бидејќи таа има шест свои деца за кои треба да се грижи.
Трејси, која е Менаџер на областа, рече: „Помина една година и тие сè уште не најдоа сурогат, па решив да помогнам.
„Претходно веќе се понудив двапати, но на шега. Третиот пат им реков дека сум сериозна во понудата да го носам нивното бебе. Јас веќе разговарав со мојот сопруг Вејн за тоа и тој сметаше дека можеби сум премногу стара за вакво нешто, но јас не се чувствував така. Се чувствував почестено кога ми одговорија потврдно, бидејќи тоа значеше дека мојот брат има доволно доверба во мене за да го носам неговото дете.
бебе“.
Ентони ги пофали својата сестра и неговиот свршеник за начинот на кои работеле сите заедно како едно. Тој рече: „Секоја одлука беше донесена заедно и од правилни причини. Раѓањето на Тео беше неверојатен момент. Тео совршено се вклопи во нашите животи; како да бил отсекогаш тука. „Тој беше делчето што недостасуваше за нашата сложувалка.
„Тој е среќно момче кое секогаш е насмеано“.