Кафе муабет

Мајка и ја остави во дом за деца без родители, татко и ја напушти кога се роди- Тешката животна приказна на Весна Џогани ќе ве расплаче

Денеска го живее својот сон...

Весна Џогани никогаш не криела дека имала тешко минато и дека нејзината мајка во еден момент ја оставила во дом бидејќи немала пари да се грижи за неа.

Фото: Инстаграм/ Весна Џогани

Весна денес го живее својот сон, но за жал не било секогаш така. Пејачката во емисијата „Преживеани“ откри дека имала тешко детство, почувствувала што е вистинска сиромаштија, и дека посебен белег оставил моментот што таткото ги напуштил по нејзиното раѓање.

Фото: Инстаграм/ Весна Џогани

Бидејќи мајката на Весна немала доволно средства за да го одгледа своето дете, поради сиромаштија била принудена да ја остави ќерката во домот за деца без родители во Звечанска, а пејачката не криела дека времето поминато во таа установа било болно.

Фото: Инстаграм/ Весна Џогани

– Бев некое време во Звечанска и тоа беше многу голема траума, се сеќавам на тоа иако бев многу мала. Се сеќавам дека цело време плачев таму. Тоа е како кога имаш дете, а тоа е болно, има температура и само вика: „мамо, мамо“, а мама ја нема, нема да дојде. Така што ми беше многу тешко. Сепак, ја разбирам мајка ми, бидејќи беше принудена на тоа, не можеше да ме издржува и и беше многу тешко, многу страдаше во тој период. Но, нема оправдување за татко кој го остава своето дете и не сака да биде во контакт со него. Сепак, му простив затоа што не сакам повеќе да си ја трујам душата со такви работи – изјавила пејачката.

Фото: Инстаграм/ Весна Џогани

Весна во емисијата „Преживеани“ откри дека по Звечанска завршила кај нејзините кумови, кои ја третирале како свое дете и ја чувале. Се вратила кај мајка си кога таа можела да и обезбеди нормален живот. Во дворот каде што пораснала, денес насекаде има ѓубре, куќата е трошна, трошни ѕидови и дрвени врати.

Фото: Инстаграм/ Весна Џогани

– Кога ги заработив првите пари, отидов и купив пет парфеми, од среќа, од радост што ги имам тие пари и што можам да ги купам. Не едно, туку како вистински „сељак“, пет парфеми – рече Весна.

Фото: Инстаграм/ Весна Џогани

„Мајка ми мораше да работи две работи бидејќи живеевме напорно. Одев со неа да собирам дрва за да се стоплиме во текот на зимата, што беше бесмислено”, рекла пејачката и додала: „Како дете сакав да имам греење, храна, да не бидам гладна и моите деца, се друго ќе купиме и позајмуваме, животот е таков што не знаеш каде ќе те однесе“, рече Весна за српски „Информер“.

фото инстаграм/ Весна Џогани
фото инстаграм/ Весна Џогани
фото инстаграм/ Весна Џогани
фото инстаграм/ Весна Џогани
FOTO: TV PINK PRINTSCREEN
фото инстаграм/ Весна Џогани

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close