Кафе муабет

Мајката на Хана Хулиќ за прв пат прозборе за зетот: Еве што мисли за бракот на нејзината ќерка со 15- години постариот Грашо!

Хана и Грашо уживаат во љубовта...

Мајката на Хана, Вјекослава Хулиќ оваа година ќе добе една нова улога, баба, бидејќи нејзината ќерка Хана Хуљиќ е бремена со нивниот долгогодишен семеен пријател и пејач Петар Грашо.

Медумите се уште пишуваат за венчавката на годината која се случи на 19 февруари во црквата Св. Доминика во Сплит пред педесетина најблиски пријатели и членови на семејството, а Вјекослава за Стори проговори за нивниот брак.

Фото нстаграм/Хана Хулиќ

– Тоа се двајца луѓе кои се сакаат, кои создаваат свое семејство и мислам дека нема ништо необично во тоа. Тие се како и сите други. Донекаде го разбирам интересот на публиката кога се во прашање јавните личности, но секогаш се држам да го задржам приватниот живот што е можно повеќе за себе, вели таа.

фото стори.рс

– Да знаат сите колку сме нормални и семејни луѓе, колку сме сите заедно… Не знам што мислат луѓето за тоа како живееме, додаде сплитската писателка и поетеса, откривајќи дека и покрај нејзиното заминување од семејниот дом, со Хана се слушаат секој ден.

ФОТО: Петар Грашо / Инстаграм

Хана гостуваше во емисијата „Код нас дома“, а за таа прилика реши да остане доследна на својот кежуал стил, па облече удобна комбинација.

фото принтскри/ ХРТ

Таа искрено проговори за својата кариера и слава, а на нејзината рака можеше да се забележи венчален прстен.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

Бремената Хана Хуљиќ (31) откри се за работата и односот со родителите, но и за тоа како ја издржа големата слава што ја стекна за кратко време.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

За гостувањето таа одлучи да облече полежерен фустан во маслинесто-зелена боја, црни хулахопки и патики. Косата ја врза во брановидно опавче, а меѓу нежниот накит блескаше венчален прстен на нејзината рака.

Фото Инстаграм/Хана Хулиќ

Младата музичарка изјави дека нејзините родители Тончи (60) и Вјекослава Хуљиќ (58) не се поблаги кон неа како соработници, но и дека во нивниот однос „владее“ искреноста.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

– Секогаш на своите дома можеш да им го кажеш тоа што на други од пристојност не би го кажала, но токму затоа што немаме „целофан , тогаш се е најдобро– искрено рече таа.

фото инстаграм/Петар Грашо

Таа зборуваше и за својата кариера, нагласувајќи дека никој не ја „приморал“ да се занимава со музика и дека тоа е исклучиво нејзина одлука. Таа проговори и за приватниот живот и новостекнатата слава на домашната сцена. Така, таа објасни дека не е тип на личност која е заинтересирана за животите на другите луѓе, па затоа и е тешко да го разбере големиот интерес на луѓето за нејзината приватност.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Таа и нејзиниот сопруг Петар Грашо (45) веќе искрено проговорија за тоа колку ја ценат сопствената приватност, која не сакаат да ја споделуваат со јавноста. Така и сега таа рече дека се надева дека наскоро ќе може да оди по улиците колку што може мирно пред да стане позната по нејзината врска со музичарот.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

„Се надевам дека наскоро ќе можам да излезам од дома без луѓето да ги извадат мобилните телефони“, рече Хана.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Чекаат девојче!

Хана и Грашо се венчаа на 19 февруари, а една недела подоцна излезе информацијата дека Грашо на свадбата го открил полот на нивното бебе. На општо задоволство на гостите Петар рече дека тој и Хана очекуваат да пристигне девојче во јули.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Според RTL Exkluziv, идниот татко открил дека семејството ќе биде побогато за едно прекрасно девојче, како и фактот дека тој и Хана веќе имаат подготвен список со имиња за бебето.

Фото инстаграм/Петар Грашо

Интимната венчавка на Петар и Хана се одржа во друштво на семејството и најблиските пријатели, додека, како што пишува „Глорија.хр“, свадбената прослава заедно со крштевката на бебето ќе се одржи наесен, кога ќе се соберат дури 500 гости.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Иако се обидоа да ја сокријат локацијата за венчавка од медиумите, припадниците на седмата сила сепак ги чекале пред црквата, а потоа и пред ресторанот. На прашањето како започна нивната љубов, во изјава за Прва тв Грашо изјави дека и бил омилен пејач на Хана.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Кога беше мала, ми праќаше некои мали писменца со детски ракопис, се уште ги чувам..
На прашањето на новинарте како се чувствува по црквеното венчање, тој кратко одговори: Како маж!

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close