Кафе муабет
Маја со оваа фотографија го “запали” Инстаграм: На нејзиното совршено тело и подзавидуваат многу девојки
Витката линија се должи на напорни тренинзи...
Пејачката Maja Шапут ужива во мајчинството, а покрај најубавата улога во која се оствари пред две години, пејачката и претприемачка ужива во работата како инфлуенсер.
Таа постојано на својот Инстаграм профил споделува новости од приватниот живот со своите следбеници кои можат да забележат дека изгледа совршено.
Имено Маја го одржува своето тело во навистина завидна форма. Никогаш не покажала подобра фигура а сега со најновите фотографии од Маурициус, каде што престојува со сопругот Ненад и синот Блум таа покажа дека е во одлична форма а многумина и подзавидуваат на младешкиот изглед и извајаното тело.
Таа позираше на песочна плажа покрај палма додека во раката држеше кокос со сламка во раката. Таа беше облечена во костим за капење со леопард принт, а мораме да признаеме дека нејзината фигура е повеќе од воодушевувачка.
Многумина се прашуваат која е тајната на нејзината витка линија на која можат да и позавидат дами двојно помлади од неа. Одговорот е едноставен – пилатес реформатор.
Станува збор за пилатес систем на вежби на реформаторски уреди наменет за индивидуален тренинг во специјализирани пилатес студија.
Тој овозможува изведба на преку 500 различни вежби и претставува една од најефективните програми за вежбање денес.
За многу краток временски период, тренингот на реформатор овозможува зајакнување, флексибилност и мускулна издржливост без ризик од повреда или оптоварување на зглобовите.
Својот изглед, но и формата (затоа што треба да издржи многу концерти и проекти) Маја со напорни тренинзи ја одржува, а со следбениците повремено споделува и фотографија од теретана.
Дека не може без тренинзи докажала кога се вратила на тренинзите само два месеци по породувањето.
– Конечно се вратив на пилатес, напиша тогаш таа.
Маја и за време на бременоста со персонален тренер не се откажа од вежбањето. Таа е многу посветена на своето тело па поради тоа и може да се пофали со витка фигура.