Новости
Маја зад себе има 12 БРАКА! Мажите се за една употреба, што еднаш се скрши нема лепење- пејачката искрено за разводите!
Пејачката е во пензија и се грижи за својот внук Лука...
Маја Оџаклијевска беше една од најистакнатите пејачки на естрадата во поранешна Југославија, а пред скоро две децении реши да престане да пее.
Нејзините песни сите ги чекаа со голема возбуда, а плочите и се продаваа во огромни тиражи. Сепак, Маја одлучи да се повлече од музичката сцена, уште пред 20 години, сега можеме повремено да ја видиме во некое телевизиско шоу, а малку се знае за деталите од нејзиниот приватен живот.
Во една прилика, таа истакна дека не размислува за љубов и откри дека била во брак дури 12 пати.
Многу мажи лудувале по Маја, а таа не крие дека имала доста пропаднати врски и во една прилика изјавила дека имала 12 бракови.
– Имав 12 таканаречени бракови. Кога ќе дојде моментот да заѕвонат ѕвоната ќе почне да ми смета однесувањето, и секогаш се ставам пред сите и само велам „Чао, довидување и нов брак“. Мојата мајка зборуваше: Еден се истегнува, друг се протега, рекла таа во гостување на една емисија.
Пејачката која долги години живее во Србија, во едно интервју откри дека никогаш во животот не би трпела физичко малтретирање од маж. Таа откри и дека најмногу во врската ѝ пречи ако партнерот ја омаловажува.
„Мажите се за една употреба, кога ќе видиш дека нешто не штима, веднаш треба да му го свртиш грбот и да продолжиш напред. Чашата кога еднаш ќе се скрши, колку сакаш лепи ја, пак ќе се познава. Не можам да ги разберам оние жени кои трпат насилство од страна на партнерите, јас никогаш не би дозволила некој да се изживува со мене“, изјави Маја, која се нашла во ситуација да биде сведок на малтретирање, кога соседот ја ѕвepски ја нападнал својата сопругата и случајот го пријавила во полиција.
„Пред неколку години бев сведок на вакво нешто. Слушнав како сосетката моли за помош и од прозорец видов дека сопругот ја удира со боксови и клоци. Веднаш викнав полиција, дојдоа за 15 минути, направија записник и си отидоа. По неколку дена се видовме и почна да ми вика и да ме обвинува зошто случајот сум го пријавила во полиција. Бев вчудовидена од нејзините зборови и однесување и сфатив дека ѝ нема помош затоа што таа наместо да си замине и да го остави, го бранеше“, истакна Маја во едно интервју.
Таа има две ќерки, Теа и Андреја, и внукот Лука.
Маја откри и дека не завршила ниту средно училиште но не жали за тоа.
Инаку по повлекување од музичката сцена таа работи буквално се и сешто, од продавање на кучиња и мачки, преку давање приватни часови по пеење, па се до чување на деца.
– Работев како надзорен орган во фирма на мој пријател кои се занимава со увозни половни автомобилски гуми. Во тој момент, тоа беше единствена работа која можев да ја најдам , многуте сметки ме гушеа. Што фали? Едвај крпам крај со крај, но така живеат огромен број на луѓе во оваа земја. Не се срамам од ниту една чесна работа, се двојам, изјавила Маја Оџаклиевска во едно интервју пред 12 години.
Пејачката откри дека целот слободно време го користи за да биде заедно со својот внук на Лука кој во 2013 година му е дијагностициран аутизам.
Таа пред јавноста истакна дека Лука осум месеци живеел само со неа и дека почетниот период воошто не бил лесен.
– Првите три месеци беа тешки. Се одвои од родителите тој тоа го манифестираше со самоповредување. Тоа е многу типично за аутисчитчни деца. Кога тој сфати дека јас сум некоја која бесусловно го сака, така тој стана памук со мене и кон себе, рекла пејачката.
– Грижата за Лука ја делиме јас и мојата ќерка, разлика е тоа што јас сфаќам дека тој има проблем, а таа тешко прифаќа. Тоа е инаку својствено за родителите кои го имаат овој проблем. Така воедно помагам и на неа во растењето на Лука, додала таа.
Живее со пензија од 250 евра
Маја во една прилика призна дека веќе некое време живее до пензија која изнесува 33.000 динари.
– Со поставената дијагноза, Лука доби мала парична помош, која на нас и тоа како добро ни доаѓа, со оглед на мојата мала пензија. Со тоа не го решивме неговиот проблем, бидејќи има маалку институции и училишен кадар за вакви деца.
– Не можам многу да му пружам на мојот внук, но тој е разумен. Кога ќе му кажам: „ Не може, за тоа немаме пари“ ќе се налути но молчи. Не е бесно дете кое сака 100 посто да си го истера своето, искрена е Оџаклиевска.
Маја во медиумите доста зборуваше за својот внук Лука и како со него ги минува деновите, а открива дека Лука се смирува од нејзиниот глас.
Пораснала без татко, не завршила школо
Маја е родена во Скопје во 1952 година.
Нејзините родители ќе се разведат за многу брзо време откако ќе се роди, кога ќе има само два и пол месеци.
Кога ќе наполни девет години заедно со својата мајка заминуваат да живеат во Шведска. Пејачката таму се школувала, но за да и помогне на својата мајка, работела како бебиситерка, а на 14 години, во Шведска паралелно со школото работела и во фабрика за конзерви.
Потоа се враќа во Скопје каде продолжува со средното образование, но заради музиката не го завршува школувањето.
Со пеење започнува уште пред да матурира, а почна да глуми и во Македонскиот народен театар.
Потоа ќе и биде понудена улогата на популарната претстава „Коштана, која што ќе ја одбие бидејќи во тоа време снимала песна „Во облак сонце“, а 1981 година се појавува во култниот филм „Јужна патека“ и за оваа улога во Пула ќе ја добие наградата за најдобра женска улога.
Таа две години претходно, во 1979 година, на Белградската пролет се појавува со песната „Помеѓу нас“, а во 1982 со „Ќе биде сé во ред“, како подоцна ќе биде насловен и нејзиниот албум. Потоа следуваше нејзиниот голем хит „Лиду, лиду“ што настана во 1983 година, па и многу други „Без љубов“, „Сама“, „Повеќе не си мој“, „Далеку од вистината“…
Таа овие години ќе се појави речиси на сите позначајни фестивали на просторите на поранешна Југославија. Каде и да се појавеше, беше во центарот на вниманието, публиката ја обожаваше, и речиси секогаш ја освојуваше наградата за најдобра интерпретација.
Мирниот живот нема цена
Во една прилика пејачката изјави дека иако нема куќа во Дедиње таа е премногу задоволна што има покрив над глава.
– Луѓето со преголеми амиции се несреќни. Многумина имаат империи, тоа ништо не значи. Материјалното е ништо.Немам куќа на Дедиње и базени, живеам 35 години во мал стан и задоволна сум со тоа. Не станува збор за скромност, туку од прифаќање на ситуацијата и сопствените потреби. Јас сум задоволна дека имам кров над главата, што имам да облечам. Тоа не мора да бидат брендирани работи и барктен мебел.
Ако сфатите дека филозофијата на животот е да биде мирен и убав, тогаш нема за што да се каете, истакна пејачката.