Кафе муабет

МАРИЈА ШЕРИФОВИЌ: Сонувам за свадба, имам момче и сакам да родам дете!

Пејачката прозборе за својот приватен живот...

Откако започна пандемијата со вирусот корона, Марија Шерифовиќ реши да ја промени својата професија, барем додека не помине целата ситуација и стана јутјубер.

Според гледаноста на нејзините видеа, може да се види дека фановите уживаат во она што таа го прави, а  сега пејачката сними видео на Јутјуб, одговарајќи на прашања на нејзините обожаватели, и откри детали од нејзиниот приватен живот.

На почетокот рече дека се чувствува добро, дека е жива и здрава, а потоа истакна дека и е малку досадно.

– Поминаа сите можни прослави, слави, празници. Се здебелив.

Сега сето ова треба полека да се пропати – рече Марија Шерифовиќ на нејзиниот препознатлив начин.

На прашањето дали сонува да стапи во брак, Марија изненадувачки одговори потврдно, а на прашањето дали има дечко, таа исто така даде потврден одговор.

– Па секако, јас сум сигурна дека мојата свадба ќе биде или традиционална или ќе биде плажа и ќе се служи коктел. И така, јас ќе потпишам пресуда за себе.<

На која возраст го имаше првиот бакнеж?

– Не можам да се сетам, но мислам дека тоа беше во основно училиште на возраст од 13, 14 години.

Дали сакате да станете мајка наскоро?

– Секако да, но за тоа потоа.<

Како се гледате себеси за 10 години?

– Бидејќи сега имам 36 години, тогаш ќе имам 46. За почеток, се надевам дека тогаш нема да бидам јутјубер.
Тоа е број еден, дека короната ќе се реши дотогаш. Концерти, работа, ред, дисциплина и можеби некое детско смеење или плачење, одговори Марија.

Пејачката се опиша себеси како прекрасна, фер и добра личност но и дека во одредени ситуации знае да биде како што вели ѓубре невидено.

Како се справувате со негативните коментари и предрасуди?

– Ова е сериозно прашање и тешка тема. Не знам од каде да почнам. Јас сум навикната да ме сакаат или не ме сакаат и тоа е во ред. Би било безвезно и нереално сите ме сакаат. Едноставно, сфатив дека ова е само мој живот, дека ова се мои години и дека нема апсолутно никаква потреба да го нарушувам со туѓото мислење, затоа не влијае на мене. Бидејќи, најголемиот проблем кај луѓето кои се занимаваат со јавна работа е што во моментот кога ќе почнете да водите премногу грижа и да исправате работи за кои луѓето масовно или помалку масовно ви замеруваат, и првично гледате дека тоа не е некој добронамерен совет, тоа е вашиот крај.

Бидејќи влегувате во круг кој е потполно луд, го губите вашиот идентитет, престанувате да бидете тоа што сте, излегувате од вашиот пат и тогаш работите навистина одат по ѓаволите. Сакам да слушнам коментар, но да ми кажат:

„Марија, мислам дека оваа песна не ти одговара“. Живееме на Балканот, каде разликите од кој било вид не се прифаќаат така лесно, ниту се варат лесно. Ова може да биде голем проблем за некои луѓе и млади луѓе, особено ако се малку послаби по карактер и ако се малку послаби психички. Ова може да биде проблем и може да ги разниша на различни нивоа. Моја топла препорака за сите луѓе кои во никој случај не се вклопуваат во сè и со секого, вие сте родени да бидете вие. Вие не сте родени да бидете некој друг. Тоа е единствената вистина и тоа право ви го даде Бог, но и ООН.

Марија вели дека има многу песни кои ја растажуваат и на кои покажува емоции па дури и може да заплаче без разлика дали се народни и забавни,домашни, поп и странски.

-Ако зборуваме за нешто што е домашно, тогаш тоа е песна од Шабан Шаулиќ. Ако пијам чаша вино тогаш може да ме погоди и песната „Маскарада“ од Адил. Страшна песна е на која можам да пуштам и солза кога ќе пијам. И онаа со која кршам чаши, а не плачам „Те сакам“ од Харис Џиновиќ исто и од Љуба Аличиќ, песната Мала.

Инаку пејачката Марија Шерифовиќ важи за многу интересна и забавна личност која сака да се шегува на своја сметка, иако многумина гледајќи ја во шоуто „Ѕвездите на Гранд“ мислат дека е дрска и безобразна.

Се шушкаше дека е во врска со најубавата девојка на српската јавна сцена

 

Во мај на големо се пишуваше дека Марија е во љубовна врска со една од најубавите жени на српската јавна сцена која е мажена за синот на голем моќник и влијателен бизнисмен.

 

 

Љубовниот живот на Марија секогаш бил интригантен, посебно откако јавно призна дека е наклонета кон истиот пол. Но пејачката која на Србија и донесе победа на Евровизија во 2007 година, успешно ја чуваше приватноста, и својата и на партнерките. Се досега зошто медиумите веќе почнаа да пишуваат за нејзината наводна се*суална врска со снаата од една од најбогатите српски семејства.

Инаку, за потсетување, Марија неодамна објави фотографија на Инстаграм како со својата подобра половина се држат за раце и шетаат по улица.

 

– Почнале тајно да се гледаат веќе неколку дена по запознавањето. Тоа во прво време никому не му било сомнително, зошто Марија секогаш е опкружена и со машки и женски пријатели кои секаде ја следат, а госпоѓата веќе со години е во среќен брак со наследник на моќна династија. Така првите неколку месеци се било опуштено и за нив и за околината. Но, како поминувало времето, станувале поневнимателни – открива извор близок до Марија и додава дека таа дама на концертите на Марија секогаш имала специјално место во ВИП ложата, што на сите им било сомнително.

 

 

– Марија и снаата неколку пати се видени во познати белградски ресторани, се држеле за рака, имало тука и нежни допири и бакнежи. Секако, некој ги сликал, па фотографиите со нивните интимни моменти, кога мислеле дека никој не ги гледа, набрзо почнале да се споделуваат. Сега речиси цел Белград ги има тие фотографии во своите телефони, вели изворот.

Марија Шерифовиќ за Нова година посака да стане мајка.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Таа ви интервју за магазинот „Стар“ изјави дека се посериозно размислува а родителство, и дека тоа е најголем триумф во животот.

„И при самата помисла на тоа се радувам, така што сум сигурна дека во следните две години ќе станам мајка“, изјави Шерифовиќ непосредно пред Нова година.

 

Таа призна и дека не сака да има сурогат мајка, туку нејзина желба е да забремени.

„Најлогично е моето дете јас да го донесам на овој свет. Само се надевам дека нема да биде пејач или пејачка. Што се однесува до мене, може да биде музичар, но никако изведувач“ изјави таа во шега и додаде дека за неа е важно само бебето да биде здраво, живо и паметно.

Шерифовиќ исто така призна и дека би било бескрајно занимливо да има девојче кое ќе биде бандит како неа,

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close