Кафе муабет
Марија Шерифовиќ откри дали има нова девојка, ја отвори душата и искрено кажа „Феноменално ми е“
Моментално е слободна...
Поп-ѕвездата Марија Шерифовиќ настапи на 61-от Фестивал на младинската култура на Србија во Књажевац, а пред да се појави пред публиката која беше собрана во голем број кај Гургусовачката кула, пејачката за медиумите даде и неколку кратки одговори за нејзиниот приватен и емотивен живот за кој не знаеме многу детали.
Таа откри дека не е тип на човек кој сака да пие кафе со нејзините колеги, дека се држи на дистанца но со сите е во коректни односи.
– Имам голема почит кон сите мои колеги, но не сакам да се дружам….
Марија откри дека не е блиска ниту со оние колеги што живеат во нејзиното маало, Вест 65?
– Не се среќаваме. Апсолутно можам да живеам секаде, бидејќи одам од гаража до кола и тоа е тоа.
Доколку има можност да живее надвор од Белград, вели дека тоа би била само Америка, Калифорнија.
-Затоа што таму можам да живеам обичен едноставен живот каде што не сум изложена на јавност. Ми недостига да не бидам изложена на погледи.
Емотивниот живот го крие далеку од очите на јавноста, и покрај сите шпекулации сепак Марија вели дека до сега не ја пронашла вистинската личност со која би била до крајот на животот.
– Затоа што никој не беше интересен, а камоли достоен, да биде претставен во медиумите. Сите мои избори досега не беа јавни личности, рече Марија.
– Немам никого неколку години и тоа е фантастично за мене.
Колку тетоважи имате, која ви е омилена?
– Имам над 20 тетоважи. Мојата омилена е на раката каде што пишува „Ќе останам своја и по цена да бидам ничија затоа што моето срце ми кажува како да сакам а таа љубов како да живеам“. Ниту една од нив не би ја симнала затоа што некои се добри за да ме потсетуваат на работи што никогаш не треба да ги повторувам, беше искрена Марија.
Во неколку наврати ја поврзуваа со јавни личности но таа остана доследна на себе и не се огласуваше по тој повод.
Таа претежно ги држи подалеку од љубопитните погледи деталите од своето секојдневие, но се чини дека одредени теми кои постојано се вртат во јавноста го поминале нејзиниот праг на толеранција.
Имено, неодамна пејачката реши да стави крај на одредени приказни кои веќе извесно време кружат во медиумите а потоа да раскаже како стојат работите кога се во прашање парите, пријателствата со познатите личности, па дури и кариерата.
– Во последно време слушам од пријатели дека никој нема самодоверба кога станува збор за почеток на нешто ново. Ги немам овие проблеми, правам чекор и никогаш не чекам, низ смеа изјавила Марија.
Марија во оваа прилика се осврна и на наводната врска со младата пејачка Џејла Рамовиќ, за која често пишуваа некои медиуми. На прашањето каква е нивната врска таа остро одговори.
– Пријателски-бизнис и би сакала таа приказна еднаш засекогаш да престане. Никој не се води од тоа како му е на некој кога чита вакви измислици, како и дека во неколку моменти сериозно се претера. Затоа навистина оставете ја девојката на мира!, изјави Марија.