Дом и семејство

Маринко би бил многу горд на него: Никола ја исполни големата желба на неговиот покоен татко- сите воодушевени од овој потег на пејачот

Во чест на Маринко направи пат до црквата...

Синот на покојниот пејач Маринко Роквиќ, Никола Роквиќ започна акција за обнова на патот до црквата во родното место на неговиот татко.

фото инстаграм/Никола Роквиќ

Во март годинава, Никола се огласи на социјалната мрежа Твитер и соопшти дека сака да го продаде својот профил, а парите од продажбата на профилот ги донираше за изградба на овој пат и тоа го направи во чест на неговиот татко.

Фото Инстаграм/Маринко Роквиќ

-Го продавам Твитер профилот, би ги дал парите за да изградам пат до црквата во родното место на татко ми Маринко во Босански Петровац. Доколку некој е заинтересиран нека ме контактира. Не знам ни која е вистинската цена на профилот, ако има некој стручњак нека помогне со информации. Благодарам – напиша тогаш.

фото принтскрин/Твитер

Оттогаш поминаа само неколку месеци, а Роквиќ на Инстаграм се огласи со вест која израдува многумина.

фото принтскрин/Инстаграм

-Успеавме! – напиша тој и сподели неколку фотографии од новиот пат до црквата.

фото принтскрин/Инстаграм

Да потсетиме, минатата недела наврши една година од смртта на пејачот Маринко Роквиќ, а семејството и пријателите отслужија панихида на гробиштата Бежани.

Фото Инстаграм/Славица Роквиќ

Инаку ова не е единственото нешто кое Никола го направи во чест на неговиот татко. Имено кога почина Маринко Роквиќ, Никола на неговиот гроб се заколна дека ќе биде блиску до него и дека поради него ќе оди во светата земја на Исус Христос во Израел.

Фото Инстаграм/Маринко Роквиќ

А тоа успеа да го направи до одбележувањето на шестмесечниот помен на Маринко, кој е на 6-ти мај.

фото инстаграм/Никола Роквиќ

– Во последните година и пол, колку што Маринко се бореше со рак на простата, тој и Никола почнаа да посетуваат манастири со надеж дека ќе закрепне. И сега кога го нема неговиот син продолжил таму каде што застанал татко му. Никола отишол на аџилак за велигденските празници, а како што самиот им објаснил на семејството, цело време со молитвите му се обраќал на Маринко, па целосно препороден се вратил во Белград. Имено, секој кој оди на аџилак има право на своето име да го додаде префиксот Хаџи, па тоа го направи и тој – објасни извор близок до Роквиќ и продолжи:

фото инстаграм/Никола Роквиќ

– Никола веднаш од Израел отишол на гробот на својот татко, каде оставил посебна бројаница која ја донел од светата земја и која ја наменил за својот татко. Знае дека Маринко сега ќе се гордее со него и дека секогаш велел дека би сакал некој од неговото семејство еден ден да оди на аџилак. Сега тој сон му се оствари – рекол изворот за Стар.

фото инстаграм/Никола Роквиќ

Никола тогаш на социјалните мрежи сподели фотографија од своето патување во Израел со неговите придружници а многумина беа воодушевени од ваквиот потег на пејачот.

фото инстаграм/Никола Роквиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close