Кафе муабет

Марина бара целосно старателство над синот- еве колку пари месечно треба да дава Дарко Лазиќ!

Таа го зеде при срце тоа што во едно интервју Барбара изјави дека момчето ја доживува како негова мајка...

Фолк пејачот Дарко Лазиќ за околу две недели ќе се соочи со поранешната свршеница и мајка на неговиот син Марина Гагиќ на суд.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

На сослушувањето, тие ќе одредат какви обврски ќе има пејачот во воспитувањето на нивното дете. Таа наводно бара целосно старателство и месечна алиментација од 500 евра. Нивните пријатели велат дека Гагиќ се покажала фер и дека ги зела предвид сите долгови на Лазиќ и не многу завидната финансиска состојба, па затоа не побарала поголема сума.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

Марина и Дарко веќе некое време комуницираат исклучиво за детето, а за се друго, контактираат преку  нивните адвокати. Гагиќ одлучи да го тужи поранешниот свршеник бидејќи тој не давал пари за детето, додека неговата мајка Бранка тврди дека тоа не е вистина и дека нејзиниот син и дал пари на поранешната свршеница.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

Инаку, според овие наводи, Марина неколку пати се обидела да разговара со Дарко, за да се договори за неговите обврски надвор од судот, но бидејќи тоа било невозможно, таа престанала да му се јавува и поднела тужба.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

Ова неодамна го потврди и самата Марина.

– Го имаме првото судење за еден месец, па ќе видиме што ќе се случи. Се слушаме само поради детето, се согласуваме исклучиво за Алексеј. Толку сме во контакт откако го напуштив, а се друго ќе направиме на суд – рече Марина.

Фото Инстаграм/Марина Гагиќ
Фото Инстаграм/Марина Гагиќ

Покрај проблемите со алиментација и старателство над малиот Алексеј, Марина не може да ги надмине последните навреди против неа. Имено, Дарко изјави дека таа сака да стекне слава на негов грб.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

– Немам коментар за нешто што е минато, што не ме интересира во животот. Давате толку многу простор, на Оливера и Марина не знам зошто! Дали се толку важни? Тие се неважни и гледаат како да се истакнат преку мој грб. Кој ги споменува без мене? Тие се неважни! Кои се тие? Оваа пропадната пејачка, која сака да биде позната. Марина треба да се грижи за детето, а не да дава интервјуа. Која е таа да дава интервјуа? – рече Дарко.

фото Инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Ова, како што пишува „Курир“, толку ја изнервирало Марина, што веднаш по оваа изјава, таа му забранила на Дарко да нос синот кај него, особено кога таму е и неговата девојка Барбара Бобак. Таа го зеде при срце тоа што во едно интервју Барбара изјави дека момчето ја доживува како негова мајка.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото инстаграм/Дарко Лазиќ
фото Инстаграм/Дарко Лазиќ

– Се што имам со него ќе решам на суд. Јас не сум јавна личност која јавно ќе коментира на таа тема – изјави кратко за српски Курир, Марина Гагиќ.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close