Кафе муабет
Македонска песна ечеше низ цела Австралија, нашинците воодушевени – погледнете како поминаа настапите на„ Некст тајм“ и Влатко Лозано!
Ечеше македонска песна во Австралија
Македонците од Австралија воодушевени од „Некст тајм“ и Влатко Лозановски – Лозано – цела вечер пееја заедно со нив
Македонскиот музичар Влатко Лозановски заедно со близнаците од „Некст Тајм“ Мартин и Стефан Филиповски се на турнеја во Австралија.
Тие настапуваат пред нашинците во оваа земја и заедно со нив во повеќе градови ги пееја нивните хитови на концертите.
На нивните настапи се појавија голем број наши иселеници кои уживаа во македонската музика. Посебен беше моментот кога близнаците со песната од Гоце Николовски „Бисер балкански“ ги кренаа Македонците на нозе на концертот во Сиднеј и сите заедно го испеаја големиот хит.
На социјалните мрежи можат да се видат повеќе објави од овие настапи, а како изгледаше атмосферата, погледнете во продолжение:
???
Никогаш Македонците не биле посплотени, затоа што денес, повторно после 80 години, и тие во Вардарска и тие во светот живеат во држава која не е нивна.-21 Април, Сиднеј, Македонија. pic.twitter.com/dqRLDB2CL4
— Пиреј (@ekakodane) April 22, 2023
Фотографии од еден од концертите објави и пејачката Татјана Лазаревска која веќе неколку години живее во Австралија.
Таа откри и како изгледаше пробата пред концертот во Мелбурн додека Мартин и Стефан ја пеат „Нешто ќе те питам бабо“.
Повеќе фотографии погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм