Кафе муабет

Магични сцени: Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ на романтично патување во Санторини

Парот ужива на магичниот Грчки остров..

На магичниот грчки остров Санторини е снимен новиот филм „Сен Медитеран“ во кој главната улога му припадна на Иван Босиљчиќ.

фото инстаграм/ Јелена Томашевиќ

Поддршката од сопругата на Иван, Јелена Томашевиќ и овој пат не изостана.

фото инстаграм/Иван Босиљчиќ
фото инстаграм/Иван Босиљчиќ
фото инстаграм/ Јелена Томашевиќ

За време на снимањето, на Иван му се придружи и Јелена, а се чинеше дека парот и покрај деловните обврски максимално го искористил ова време за уживање.

фото инстаграм/ Јелена Томашевиќ

Пејачката и актерот ги почестија своите следбеници на Инстаграм со многу фотографии од оваа прекрасна локација.

фото инстаграм/ Јелена Томашевиќ

– Горда на мојот Иван. Екипата на филмот „Shady Mediterranean“ успешно го заврши снимањето на Санторини! Имав можност да видам неколку прекрасни кадри и едвај чекам да го погледнам целиот филм, напиша Томашевиќ под една објава.

фото инстаграм/ Јелена Томашевиќ
фото инстаграм/ Јелена Томашевиќ

Дека Јелена му е најголема поддршка на Иван е познато уште од претходно. Таа многу пати истакнува дека според неа дефиниција за љубовта е,кога сакаш некого, да му дозволиш да ги живее своите соништа, живот и да ужива во својата работа.

фото инстаграм/Јелена Томашевиќ

Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ неодамна прославија десет години брак а во јавноста важат за еден од најхармоничните парови.

фото инстаграм/Јелена Томашевиќ

Сепак, пејачката неодамна откри во една емисија како љубомората влијае врз нивната врска.

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

Кога се споменува хармоничен и успешен брак, многумина веднаш помислуваат на Јелена и Иван кои ја негуваат својата љубов од ден на ден и успеваат да останат заедно, среќни во овие брзи, модерни времиња.

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

Меѓутоа, бракот како таков има неколку предизвици, кои парот успешно ги надминува и се спротивставува на сите денешни проблеми. Круна на нивната љубов е нивната ќерка Нина, која расте од ден на ден, и е центар на светот за пејачката и актерот.

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

Неодамна, Јелена коментираше како гледа на бракот и како го гледа своето партнерство со Иван.

фото инстаграм/Јелена Томашевиќ

– Бракот е духовен подвиг и тоа е заеднички раст. Сопружниците растат како луѓе и како емотивни партнери. Имавме среќа да се сретнеме на време и да сфатиме дека сме еден за друг – изјави пејачката.

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

Таа, исто така, прозборе и за љубомората и откри дали е присутна во бракот.

фото инстаграм/Јелена Томашевиќ

– Мислам дека љубомората е негативна емоција, иако многумина мислат дека е показател за љубов, но кога сакаш некого, треба да му дозволиш да ги живее своите соништа, живот и да ужива во својата работа. Имам среќа што Иван ме поддржува и што имам слобода да го правам тоа што го сакам, па среќна сум кога неговите успеси се во прашање – додаде Јелена Томашевиќ.

Фото: Инстаграм/ Јелена Томашевиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close