MAMA

Луѓето со оваа крвна група може да бидат спокојни, имаат помали шанси да заболат од Ковид -19

Луѓето со крвна група О имаат помала веројатност да добијат Ковид-19

Нулта крвна група е со најмал ризик од инфекција на Ковид-19

Неколку рани студии откриле дека луѓето со крвна група О може да имаат мала предност за време на оваа пандемија, или специјални, заштитни „својства“ кога станува збор за „Ковид-19“.

Луѓето со крвна група О имаат помала веројатност да добијат Ковид-19, според бројните студии објавени низ целиот свет за време на пандемијата. Но, луѓето со тип А можат да бидат поранливи.

По избувнувањето на пандемијата, едно од прашањата што ги збуни научниците и лекарите беше зошто некои луѓе се поподложни, па дури на заболување предизвикано од вирусот , за разлика од другите што побрзо закрепнуваат.

Неколку студии ја испитаа врската што генетиката ја имаат подложни на вирусот, а некои поконкретно ја поврзуваат улогата на крвната група.Сите студии дошле до сличен заклучок: покажаа дека луѓето со крвна група О биле помалку позитивни на тестот Ковид-19 во споредба со пациенти со тип А, Б или АБ.

Најновата студија испитувала скоро 1.300 пациенти со коронавирус, кои биле примени во пет болници во Масачусетс во март и април. Резултатите покажале дека крвта од типот О „е поврзана со помал број на позитивни тестови за „Ковид-19 “, велат истражувачите, пренесува Business Insider.

Други истражувања покажуваат дека постои поврзаност помеѓу крвната група на пациенти и сериозноста на нивните инфекции.Претходното истражување спроведено во 2005 година за време на епидемијата на САРС во 2002 година ја поддржува теоријата дека крвната група 0 има некои посебни, заштитни „својства“.

Студијата во болница во Хонг Конг ја анализира состојбата на заразен пациент .Од 18 лица со нулта крвна група, 8 се заразиле (44%), во споредба со другите 27 лица кои имале други крвни групи, од кои 23 биле заразени со вирусот (85% – скоро двојно повеќе).

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close