Кафе муабет

Луѓето се менуваат, па така и јас: Прва изјава на Цеца по раскинувањето со Богдан Срејовиќ!

Пејачката ја раскина врската по една година...

Најголемата балканска ѕвезда Цеца Ражнатовиќ, иако на почетокот на оваа година реши да ја прекине емотивната врска со партнерот Богдан Срејовиќ и јасно стави до знаење дека двајцата засекогаш ќе останат пријатели, распадот на врската нема да ја спречи да ја воодушеви публиката со нов албум на кој нејзиниот тим работи напорно, а потоа сето тоа ќе го круниса со голем концерт.

фото инстаграм/Богдан Срејовиќ

Цеца признава дека во последните години е подостапна за медиумите од порано, иако би сакала да биде поинаку.

Фото Инстаграм/Светлана Цеца Ражнатовиќ

– Имаше период кога многу ретко, речиси никогаш не давав интервјуа. Денес повеќе би сакала да биде така, а за жал тоа не е можно. Луѓето се менуваат со текот на времето, па и јас.

Фото Инстаграм/Светлана Цеца Ражнатовиќ

Таа е член на жирито во „Ѕвездите на Гранд“, а откри дали таа улога и го променила животот и дали ги живее подемите и падовите заедно со натпреварувачите.

Фото Инстаграм/Светлана Цеца Ражнатовиќ

– Тоа не е ново искуство за мене. Имав можност да бидам во „Пинкови ѕвездички“ две сезони и тоа беше многу убаво искуство за мене. Дали ми го промени животот? Да, сега има четири дена снимање во една недела, а надвор од тоа имам денови кога ги гледам кандидатите и подготвувам песни. Треба да се посветите на секој од нив и да дадете 150 проценти од себе.

фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

– Некои членови на жирито навистина претеруваат кога ги оценуваат луѓето кои се само на почетокот . Да не зборуваме за некои кои не знаат што е фалширање.

фото принтскрин

Ражнатовиќ ќе ја израдува својата публика со нов албум, но посакува и уште еден концерт на Ушче.

ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

– Што се однесува до мене, можеби утре, но само да има добри песни и музика. Сепак, наскоро во студио ќе видам што имаме и како стоиме со работите што почнавме да ги подготвуваме.

Фото Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Цеца не крие дека сака уште едно внуче, но и да се омажи Анастасија.

Фото Инстаграм/Цеца Ражнатовиќ

– Секако. Среќните моменти во животот на моите деца се нешто што секогаш ме прави среќна повторно и повторно. Полека ќе дојдат тие моменти – изјави таа за Ало.

ФОТО: Цеца Ражњатовиќ / Инстаграм

За потсетување, Светлана Ражнатовиќ по нешто повеќе од една година ја прекина врската со Богдан Срејовиќ.

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ

Како што пишуваат медиумите одлуката за раскинување била обострана, а поранешната двојка во оваа прилика дала кратка изјава и истакнала дека ќе останат пријатели до крајот на животот.

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ

Очигледно кризата околу Цеца и Богдан следела пред пејачката да замине на Малдиви, па не е чудно што Срејовиќ не беше со пејачката на оваа егзотична дестинација.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Новинарите по повод раскинувањето на парот, го контактираа и таткото на Богдан, Милош Срејовиќ за да добијат некаква информација.

ФОТО: Инстаграм/ Цеца Ражњатовиќ

– Како што ви кажав минатиот пат, неблагодарно е да се коментира сето тоа. Не се мешав во нивната врска, па нема ни во раскинувањето. Возрасни се ако тоа е нивна заедничка одлука, јас ја почитувам – изјави кратко поранешниот спортист.

Фото Инстаграм/Богдан Срејовиќ

Иако се изгледаше идилично и дека Цеца си најде партнер „доживотно“, некои работи се променија и нивната љубов не опстана.

фото инстаграм/Богдан Срејовиќ
Фото Инстаграм/Богдан Срејовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close