Кафе муабет
Луна прв пат го покажа лицето на Миа, па откри дека повеќе никогаш нема да влезе во Задруга!
Неверојатно е колку нејзината ќерка личи на Марко
Откако беше објавено видеото, коментарите само се редеа, а нивните фанови заклучија дека Миа личи на тато.
Поранешните ријалити учесници Луна Џогани и Марко Миљковиќ на 15 јуни оваа година се остварија во улога на родител.
Тие деновиве за прв пат на својот јутјуб канал покажаа како изгледа нивната наследничка, изненадувајќи ги фановите.
Имено, Луна и Марко заминаа на Копаоник заедно со ќеркичката, а во видеото што го објавија под името „Хотелска тура со Миа“ за прв пат убаво се гледа и лицето на нивното девојче.
Гордите родители, најавија дека Миа ќе ја покажуваат на својот канал, но и ги замолија фановите и медиумите да не го прикажуваа лицето на нивната ќерка. По видеото коментарите веднаш почнаа да се редат, а најголем број од фановите заклучија дека малото девојче личи на таткото.
Повеќе НИКОГАШ во Задруга!
Да потсетиме, Марко Миљаковиќ и Луна Џогани ја започнаа врската во Задруга, а набргу по излегувањето од шоуто се роди и малата Миа, како круна на нивната љубов. Инаку, во последно време почна да се шушка дека тие двајцата со ќерката ќе влезат во Задруга, н Џогани тоа го демантираше.
Од овие причини Луна Џогани реши се огласи од Копаоник во врска со гласините дека преговара за влегување во шоуто „Задруга 5“ откако сопственикот на телевизијата Пинк, Жељко Митровиќ, најави дека последната сезона од споменатото ријалити ќе ги собере неговите најголеми ѕвезди.
„Ние сме тука веќе неколку дена и навистина ни е многу убаво, но ова видео не е посветено на тоа, туку на демантот што имам потреба да го кажам. Секој ден се зборува за тоа, како тоа дека навистина е така и дека ќе се случи. Не сакам повеќе да имам ништо со никаков ријалити програм. Ријалити програмот е моето минато, таму поминав 3 години. Немам повеќе потреба да пишувам за тоа дали ќе влезам, посебно не со моето бебе. Имам потреба да демантирам, затоа што не сакам било кој да мисли дека воопшто ќе се размислува за тоа, а камоли да се согласам и да влезам“ истакна Луна во своето обраќање.
Таа потоа продолжи дека е точно тоа дека многу пати кажаа дека нема да влезе, но овој пат навистина има дебела причина за тоа.
Мојот живот навистина е онаков каков што отсекогаш сум сакала да биде, среќна сум, апсолутно ми оди, и на деловен и на приватен план. И јас сум супер, истакна таа и додаде дека во овие програми влегувала кога навистина не била добро и кога едноставно морала да влезе.
Тоа беше единствениот начин да бидам добро и да се извлечам од некои дупки во кои што пропаднав. Сега апсолутно немам ни една причина заради која би влегла во ријалитито. Исполнета сум максимално и сакам на овој начин да демантирам дека ќе влезам во било какво ријалити.
„Тоа не е нешто што може да се избрише, јас не бегам од тоа, но тоа е моето минато. Мојата иднина е слободен живот, моето семејство, мојот маж, моето дете, Тоа е она на што ќе бидам фокусирана“, соопшти Луна.