Кафе муабет
Лила Филиповска сподели фотографија од Солун и порача: “Кога најмалку очекуваш, добиваш крила”
Водителката доби низа комплименти...
Една од најубавите македонски водителки и инфлуенсерки Лила Филиповска замина на прошетка во Солун од каде сподели низа фотографии со своите фанови.
Сите се воодушевени од новиот имиџ на водителката, која по тешката борба со ра.кот на дојка за која зборуваше изминатиот месец, успеа да остане позитивна баш онаква каква што сите ја знаеме.
Лила сподели фотографија на која позира покрај розови крилја а во описот на фотографијата напиша: Кога најмалку очекуваш, добиваш крила.
Водителката и инфлуенсерка доби низа комплименти а фановите коментираат дека сега изгледа поубаво од било кога.
Да потсетиме, Лила Филиповска неодамна се најде на насловната страница на најновиот број од списанието ,,Убавина и здравје’’.
Во интервју за списанието, водителката отворено и емотивно зборуваше за борбата со канцерот, за лекцијата која ја научила и за вистинските луѓе кои останале околу неа.
Се чувствувам одлично, победнички! Последниот пет-скен покажа дека канцерот се повлекол и дека сум здрава! Имам измешани чувства. На моменти се смеам гласно, па ќе ми надојдат солзи… Повеќе од една година бев во постојана неизвесност и сонував за овој момент кога докторите ќе ми кажат: „Лила, во оваа битка ти си победникот!“ За среќа, го дочекав тоа – изјави водителката за Убавина и здравје.
На прашањето зошто ја споделува својата приказна водителката рече дека многу жени се соочуваат со оваа болест денес и потребен им е ветар во грб.
Веќе 25 години ја споделувам мојата интима со публиката, раскажувам за моите патувања, препорачувам производи и сметав дека е чесно да кажам дека се соочувам со сериозен здравствен проблем, дека ми дијагностицираа канцер на дојка и дека болеста не избира! Знаете, кога ја слушнав дијагнозата, бев во тотален шок! Можеби и ќе вриснев, но останав без глас – искрено и отворено раскажа Филиповска за Убавина и здравје.
-Среќна сум што имам неколку добри, вистински пријатели кои ми се како семејство, кои беа покрај мене и ми го олеснија патот. Бескрајно сум им благодарна! – вели Лила за Убавина и здравје.