Кафе муабет

Лидија Вукичевиќ објави фотографија од плажа, изгледа како вистинска сирена!

Позирајќи на плажа, во едноделен костиm за капење, Лидија го покри телото со песок, а со овие фотографии никого не остави рамнодушен...

Кога станува збор за Лидија Вукичевиќ нема ни сомнеж дека таа е една од најатрактивните актерки во регонот која често пати знае да ја заинтригира јавноста со своите објави на социјалните мрежи.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ
Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

Така беше и сега, имено Лидија Вукичевиќ која моментално ужива во Занзибар, ги почести своите придружници со фотографии во костим за капење.

фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ
Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

Позирајќи на плажа, во едноделен костиm за капење, Лидија го покри телото со песок, а со овие фотографии никого не остави рамнодушен.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

“Драго море, ти благодарам што направи да се чувствувам мала, смирена, инспирирана и солена. Се во исто време. Секој треба да верува во нешто, верувам дека треба да живеам тука”, напишала 59-годишната актерка, која изгледа фантастично.

фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

Во врска со 10 години помладо момче!

Иако важи за една од најубавите и најатрактивни актерки на овие простори сепак многу малку се знае за приватниот и емотивниот живот на Лидија Вукичевиќ.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ
Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ
Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

– Тие сè уште ја кријат својата љубов од јавноста, но бидејќи имаат меѓусебни пријатели, сите веќе се сомневаат дека нешто се случува меѓу нив, истакна тогаш добро упатен извор.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

На големо изненадување на многумина, откако во медумите почна да се шушка дека има момче, актерката потврди и откри дека е во врска со сликар од Италија, кој е десет години помлад и за кого вели дека донел нови убави моменти во нејзиниот живот бидејќи е сличен на неа а тоа и недостасувало.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

– Се гледаме повремено. Сакам љубов на далечина, никогаш не можe да ви биде досадно, секогаш ви е убаво, се сакаме еден со друг и секој пат кога ќе се видиме како да е прв. Кога сте постојано заедно, многу работи излегуваат на површина. Навиката ја убива љубовта. Кога мојот партнер ќе ми стане како брат, време е да заминам. Бидејќи и двајцата сме уметници, многу добро се разбираме. Не размислувам за преселба во Италија, јас сум типична жена за ова поднебје. Живеев со години во Холандија и Турција и сфатив дека најмногу ја сакам Србија, дека овде најмногу ми се допаѓа. Можам да патувам, но секогаш се враќам затоа што тука се чувствувам најдобро – рече таа во едно интервју за Glory.

фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ
фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

– Мојот помлад партнер ми донесе нова радост. Ми требаше некој како мене, не верувам во привлекување на спротивности. Не треба да се смирувам, туку партнерот да ме следи на мојата бранова должина. Кој ќе се обиде да ме спушти на земја, завршува спуштен, многу пониско од мене – рече актерката и додаде:

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ
Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ
Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

– Јас сум класична емотивна личност, но со емоциите мора да се управува добро. Се обидувам да не се предадам на секого и неодамна сфатив дека многумина ме гледаат како социјална институција, затоа што можам да слушам, емпатична сум и апсорбирам како сунѓер, што на крајот негативно влијае на мене. Одлучив да направам избор за тоа кога треба да го правам тоа – изјави таа за „Стори“.

Фото Инстаграм/Лидија Вукичевиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close