Кафе муабет

Лејла Рамковска пресреќна, соопшти убави вести: Ми се оствари сонот, време беше да застанам на едно место

Отвори свое јога студио...

Сите ја знаете Лејла Рамковска како ќерка на Велија Рамковски и една од сопственичките на А1 телевизија.

фото инстаграм/Лејла Рамковка

Некогаш лесно им подлегнувала на неуспесите, лесно се откажувала, но одлучила целосно да го промени својот начин на живот.

фото инстаграм/Лејла Рамковка

Една од „главите“ на некогашната А1 телевизија беше и Лејла Рамковска а по затварањето на телевизијата се посвети на сосема поинаква професија со која се занимава и ден денес.

фото инстаграм/Лејла Рамковка

Лејла Рамковска е една од најпознатите инструктори по Аштанга јога во Македонија.

фото инстаграм/Лејла Рамковка

До нејзината 30-та година никогаш претходно не вежбала, но забележала дека нема ниту сила ниту пак е флексибилна. Почнала со едноставни движења и пози, а до овој стадиум до кој е сега дошла полека со текот на времето.

фото инстаграм/Лејла Рамковка

Упорноста и постојаноста за неа се клучни во ова работа.

фото инстаграм/Лејла Рамковка

Скромна, смирена, не многу зборлеста, Лејла не сака да се експонира во јавноста, единствено ја промовира својата професија.

фото инстаграм/Лејла Рамковка

Сега таа сподели убави вести и на своите следбеници на Фејсбук им соопшти дека конечно после шест години и се исполнила најголемата желба.

фото инстаграм/Лејла Рамковка

-На земја сум ама лебдам. Момент на “сонот стана реалност”. Долго чекавте да си отворам свое студио и вие, а јас си имав замисла и не сакав да излезам од неа… едно 6 години држев часови на разни прекрасни локации. Време беше да застанам на едно место. Дали вредеше, ќе видите и сами @club8.mk е мој, твој, наш клуб на дружење и вежбање. Ова е твоето безбедно место, каде можеш да се опуштиш и да бидеш ти,ТИ. Со часови почнуваме од наредна недела. Утре објавувам програма, напиша Лејла на својот фејсбук профил.

фото инстаграм/Лејла Рамковка

Во едно интервју за нашиот портал, Лејла истакна дека јогата за неа го претставува мирот.

фото инстаграм/Лејла Рамковка

-Искрено, можам многу да зборувам на оваа тема, меѓутоа првиот збор што ми паѓа на памет, што за мене претставува јогата е мирот. Второ е љубов и сочуство кон самите себе. Бенефитот е генерално подобрување на психо-физичката состојба во секое поле.

фото инстаграм/Лејла Рамковка

-Се чувствувам како да сум се уште на почеток меѓутоа уживам во секој стадиум и постојано учам нешто ново. Од почетно ниво, со самото тоа што се чувствуваме подобро, немаме болки на вратот и грбот… Постигнуваме баланс помеѓу силата и флексибилноста. Со тренинг на нашиот ум и тело стекнуваме целосно присуство на свесноста, а со тоа и самодоверба и верба. И тоа на крај придонесува да имаме подобро здравје, но и подобар надворешен изглед, секако, бидејќи нашето чувство и смиреност одвнатре се манифестира и рефлектира и надвор.

фото инстаграм/Лејла Рамковка

Лејла тргна по својот пат и доста напредуваше во професијата која за неа живот начин. Токму јогата ја има извлечено во најтешките моменти.

фото инстаграм/Лејла Рамковка

За неа јогата прво претставува мир, потоа љубов и сочувство кон себеси.

фото инстаграм/Лејла Рамковка

Јогата ни дава виталност и енергија, поголема сила, стекнување флексибилност што значи младост, тонирани мускули, а ни обезбедува и заштита од повреди. И тоа се само дел од бенефитите од вежбањето, вели Рамковска.

фото инстаграм/Лејла Рамковка
фото инстаграм/Лејла Рамковка
фото инстаграм/Лејла Рамковка
фото инстаграм/Лејла Рамковка

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close