Uncategorized

Лејла од серијата “Кога лисјата паѓаат” втор пат облече венчаница: Првиот сопруг го изневеруваше со свекорот- сега конечно ја пронајде вистинската љубов!

Актерката го кажа судбоносното да...

Ѕвездата од серијата „Кога лисјата паѓаат“ Ѓокче Бахидир вчера му кажа „да“ на својот избраник музичарот Емир Ерсој.

Фото: Инстаграм/ Ѓокче Бахадир

Свадбената церемонија, на која присуствуваа многу нивни пријатели и роднини, се одржа во Алачата во близина на Измир.

Емир Ерсој е познат турски музичар кој има работено со многу познати музички имиња во Турција како што се Таркан, Бенгу, Бурџу Гунеш, Ѓулшен, Керемџем, Тугба Озер и многу други.

Фото: Инстаграм/ Ѓокче Бахадир

Инаку, ова е втор брак на убава актерка. Ѓокче пред 11 години беше во брак со актерот Али Сунал, а нивната брачна среќа не траеше долго. Само седум месеци откако го кажа судбоносното „да“, актерката им се довери на блиските пријатели дека не е среќна со Али.

фото принтскрин

Извори блиски до актерката тврдат дека нивниот брак се распаднал затоа што Али ја фатил сопругата во љубовна врска со неговиот татко Кемал Сунал.

Фото: Инстаграм/ Ѓокче Бахадир

-Кемал беше познат како голем плејбој, а таа не можеше да одолее на неговите шарм. Тие двајца влегоа во афера само неколку дена откако тој официјално стана нејзин свекор. Помеѓу нив долго време постои фатална привлечност, а не можеше да ја спречи фактот што Кемал е 30 години постар од неа и дека е татко на нејзиниот сопруг – открил извор близок на актерката.

Фото: Инстаграм/ Ѓокче Бахадир

Романсата ја чувале во тајност за да нема раскол во семејството, а тоа го разоткрил Али, кој бил на пат додека неговата сакана се забавувала со татко му. Според турските медиуми, актерот два дена порано се вратил дома сакајќи да ја изненади сопругата, но набрзо се изненадил. Прво откако го видел автомобилот на неговиот татко во нивниот двор, а потоа следел уште поголем шок кога ги затекнал голи во дневната соба.

Фото: Инстаграм/ Ѓокче Бахадир

Но проблем со овие гласини што можевме да ги прочитаме во многу медиуми, е што Кемал, кој важи за еден од најпознатите турски актери, е поч- инат, и тоа уште во 2000 година, значи 11 години пред неговиот син Али и Ѓокче да стапат во брак.

Фото: Инстаграм/ Ѓокче Бахадир
Фото: Инстаграм/ Ѓокче Бахадир

Познатата актерка тогаш за медиумите откри:„Во брак влеговме со голема љубов, но одлучивме да ставиме точка на него бидејќи патиштата ни се разделуваат“.

Фото: Инстаграм/ Ѓокче Бахадир

Ѓокче не сакаше да ги открие причините за нивниот развод, но наводно и нејзина блиска пријателка за турските медиуми потврдила дека бракот и се распаднал затоа што нејзиниот поранешен сопруг ја фатил со свекорот.

Фото: Инстаграм/ Ѓокче Бахадир

Но очигледно дека оваа е далеку од вистината, а причината за разделбата меѓу Али и Ѓокче останува „мистерија“.Инаку, Ѓокче се прослави со улогата на Лејла во популарната турска серија „Кога лисјата паѓаат“.

Фото: Инстаграм/ Ѓокче Бахадир

Во серијата главната приказна се вртеше околу семејството на Али Риза и неговата жена Хајрије, кои своите деца ги воспитуваа со висока морална свест и силни чувства за семејните врски.

Фото: Инстаграм/ Ѓокче Бахадир

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close