Дом и семејство

Лепа Брена откри се за бракот со Боба: Се огласи на Инстаграм и ги изненади сите- оваа порака кажува многу за нив

Заедно се 35 години...

Лепа Брена и Слободан Боба Живојиновиќ важат за еден од најхармоничните брачни парови на јавната сцена.

фото инстаграм/Лепа Брена

Нивниот брак трае со години, а како што често истакнуваат нивната љубов секој ден е се посилна. Ним не им претставуваа проблем големата популарност и работата поради која често пати беа одвоени, а семејството го истакнуваат како најголем успех во животот.

фото инстаграм/Лепа Брена

Брена пред неколку дена јавно го честиташе Денот на вљубените и на Инстаграм објави фотографија од неа и Боба кога биле млади и посвети емотивна порака:

фото архива

-Љубовта е спој од грижа, посветеност, знаење, одговорност, почит и доверба.
Кога двајца луѓе се свесни дека не можат и не треба да го променат другиот, но дека секогаш можат да му помогнат на другиот да најде сила да напредува и да биде подобар, тогаш се случува раст. Раст на двајца, како поединец, но и како пар. Тоа е моментот кога ќе почнете да ја сакате другата личност онаква каква што е, и да се прифатите себеси онакви какви што сте. Вистина е дека поддршката во животот е многу важна, дека некој те сака онаков каков што си. Вистината е дека безбедноста ви го дава вашето засолниште.

фото инстаграм/Лепа Брена

Јас и Боба се запознавме пред 35 години и сето тоа време бевме еден на друг дом, безбедно место каде што можеме да дојдеме такви какви што сме и каде никој не не прашува. Љубовта е поголема кога се споделува, грижете се еден за друг, верувајте во себе, верувајте на другите, почитувајте се и грижете се еден за друг. Секој ден, напиша Брена во емотивната порака која ја сподели со своите фанови.

фото инстаграм/Лепа Брена

Боба важел за голем шармер во младоста, па од него била фасцинирана дури и принцезата Дијана која се запознала со него за време на неговата тениска кариера.

фото инстаграм/Лепа Брена

Боба во една прилика се огласи по овие гласини и потврди дека лично ја познавал принцезата.

фото инстаграм/Лепа Брена

“Една недела пред Вимблдон во 1987 година, се одржа хуманитарен натпревар под нејзино покровителство. Јас бев еден од учесниците, заедно со уште неколку познати тенисери, и тогаш ја запознав Лејди Дијана. Во првиот разговор таа ме праша дали јас сум тој тенисер кој има најсилен сервис. Доби потврден одговор. Следната година се одржа и егзибициски меч, па таа пак дојде. И пак ме праша дали мојот сервис е сеуште добар. Тогаш почнавме да се дружиме и се гледавме. Бевме блиски“, рече Живојиновиќ и за Курир се осврна и на наводите дека му се допаѓала Лејди Ди:

фото архива

„Не сакам да зборувам за тоа сега бидејќи таа повеќе не е со нас. Голема работа е кога ќе дојдеш на натпревар да те бодри некој како неа затоа што не се случило некој од кралското семејство да навива за тебе од трибините“.

фото архива

Живојиновиќ откри што го импресионирало кај принцезата:

фото архива

“Таа навиваше за мене. Ми беше исклучително драго што таква жена ме поддржуваше. Го сакаше начинот на кој играв и се однесував на теренот и се што одеше со тоа. Дијана беше прекрасна личност со која можев да зборувам за обични работи. Нејзината големина беше во таа нормална комуникација. Бев изненаден колку е природна жена. Ми беше чест што ја познавав. Нашите долги разговори се состоеја од приказни за секојдневните работи и нашите деца. Филип е иста возраст како нејзиниот помал син Хари, така што тие беа главно теми за разговори“. истакна Боба во една прилика.

фото инстаграм/Лепа Брена

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close