Новости

Лекарите во шоk! Пронајден симптом кој двојно ја зголемува сmpтнoстa од корона

Коронавирусот развива нови симптоми

Последното британско истражување покажало дека кај оние луѓе кои имаат бубрежно заболување, двојно е поголем ризикот од см рт од вирусот корона.

Новата британска студија покажала дека поголем е ризикот кој го предизвикува вирусот корона, за пациентите со веќе постоечки проблеми со бубрезите,и кај нив мала е веројатноста дека тие ќе преж ивеат за разлика од луѓето со повеќе познати фактори на ризик како што се оштетување на белите дробови.

Истражувачи од Империјал колеџот во Лондон ги повикаа лекарите да бидат на готовс поради проблеми со бубрезите, со оглед на новите податоци.

Како да разликувате сезонски грип од Ковид-19?

Главни симптоми на ковид-19 се температура, континуирано кашлање и губење на сетилото за мирис и вкус. Овие симптоми кај пациентите со Ковид-19 се поизразени. Така симптомот за губење мирис и вкус може да се јави и при сезонски грип, но разликата е тоа што во случај на Ковид-19 може да трае и неколку месеци.

Според најновите истражувања, новиот вирус кај одредени пациенти може да предизвика и осип на кожата.

Еден од познатите симптоми на новиот вид коронавирус е губењето здив и се поврзува со воспаление на белите дробови кое го предизвикува ковид, а која се разликува од пневмониите предизвикани од останатите респираторни инфекции.

Дури половината заболени од ковид-19 во Кина пријавиле дека имале симптоми како диареја, повраќање и болки во стомакот.

Оваа табела со симптоми може да ви помогне да направите разлика меѓу настинка, грип и ковид-19:

Настинката обично не предизвикува краток здив, сериозни главоболки и проблеми со варењето.

Според истражувањата лицата заболени со Ковид-19 кашлале од 14. се до 21 ден после позитивниот резултат на тестирањето. Се работи главно за суво кашлање.

Најверодостоен начин да дознаете дали сте го прележале вирусот корона е тестот за антитела

Овој тест на антитела точно ќе покаже дали сте го носеле во себе вирусот Ковид-19.

Експертите предупредуваат дека дури и оние кои се асимптоматски случаи можат да развијат симптоми на воспаление на белите дробови.

Foto: Profimedia

Според Светската здравствена организација (СЗО), дури 80% од случаите на заболените со коронавирус кои се лабораториски потврдени се со благи или умерени симптоми, 14% со тешки и 6% критични. Бидејќи првите симптоми на коронавирусот се појавуваат во периодот од 2 до 14 денови по инфекцијата, важно е цело време да се следи телото ако се појави кашлица или останување без здив.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close