Кафе муабет
Кубанскиот Бред Бит ја изневери сопругата повеќе од 80 пати, беше обвинет за заведување малолетничка- се сеќавате ли на Вилијам Леви, погледнете како денес изгледа мускулестиот фраер по кој лудуваа жените (ФОТО)
Изгледа непроменето...
Вилијам Леви е познат како сериски прељубник, а бројните афери му го уништија бракот, но неговото мускулесто тело сепак ги полудува жените.
Балканот го запозна Вилијам Леви како партнер на симпатичната Марисија од серијата „Триумф на Љубовта“.
Актерот со кубанско потекло Вилијам Леви пред неколку години ја шокираше јавноста со неговите бројни вонбрачни афери кои излегоа на површина.
Актерката и модел Елизабет Гутиерез (42), со која е во брак од 2003 година и имаат две деца , синот Кристофер и ќерката Кејли, наводно ја изневерувал со над 80 жени, а сето тоа доведе до развод што го објавија на почетокот на минатата година.
Но, и покрај тоа што дозна дека е сериски прељубник, латино заводникот сепак ги полудува жените со фотографиите од неговото извајано тело, а со последната предизвика вистински хаос на социјалните мрежи.
Вилијам се сликал во огледало без кошула и ја објавил фотографијата на Инстаграм, а таа брзо се појавила на сите фан профили на социјалните мрежи.
Згодниот актер не се промени многу од денот на неговата најголема слава, освен што сега има неколку побелени влакна на косата и брадата, но обожавателите се согласуваат дека тоа му дало посебен шарм, а и понатаму го носи прекарот Кубанскиот Бред Пит.
Што се однесува до неговите бројни афери, познато е дека ја изневерувал сопругата, меѓу другите и со некои колешки. Една од нив е и Ксимена Наварета со која глумеше во теленовелата „Бура во срцето“ за која проговори и самата, а на насловните страници на медиумите се појавија и нивните заеднички фотографии.
Потоа, тука е и актерката Жаклин Бракамонтес, на која дури и се заколна дека ќе ја остави сопругата заради неа, а и таа јавно проговори за се, во својот роман. Таа призна дека ја прекинала врската со Вилијам дури кога дознала дека тој и неговата сопруга чекаат уште едно дете. Тој сето тоа го негираше, но малкумина поверуваа во неговата приказна.
Актерот беше обвинет и дека намамил малолетничка во хотелска соба и ја принудил на секс. Обвинението подоцна беше отфрлено, но Вилијам никогаш не негираше дека спиел со дотичната девојка, туку рече дека таа го лажела за тоа колку години има.
Инаку, Леви привлече големо внимание во американскиот филм „Addicted“ во 2014 година, по што се обиде да го придобие Холивуд и почна да одбива улоги во сапуници бидејќи тие беа под неговата чест.
Кубанецот буквално ја хипнотизираше публката со својата убавина.
Тој глумеше во видеото на светската поп sвезда Џенифер Лопез „Into you“, а подоцна се појави во Холивуд како актер во филмот „Зависник“.
Тоа е еротска драма.
Меѓутоа, работите не се развиваа како што тој замислил, па неволно се вратил во сапуниците, а на тоа бил принуден од стечајот што го доживеал пред неколку години.
Вилијам Леви зад себе има огромен број на улоги во серии и филмови од шпанското говорно подрајче.
Заводникот со своето извајано тело, чиј заштитен знак му се неодоливата насмевка и извајаните мускули и денес изгледа непроменето.