Кафе муабет
Кралицата на Инстаграм фатена во лага – една фотографија и го уништи животот!
Денес Ошен Ел Химер е една од најпознатите инфлуенсери во светот...
Атрактивната Ошен Ел Химер се прослави во Франција во реалното шоу „Les Princes et les Princesses de l’Amour“ во кое беше учесник заедно со нејзината сестра близначка Марин.
Бидејќи го привлече вниманието на публиката, го искористи моментот на слава и го претвори во бизнис на Инстаграм.
Денес Ошен Ел Химер е една од најпознатите инфлуенсери во светот.
Но неодамна стана мета на критки откако сакаше да им се пофали на своите следбеници дека е успешна во својот бизнис со инфлуенсери, па објави фотографија од авион со белешка дека патува во бизнис класа.
Наскоро, детективите на Интернет откриле дека Ошен лажела.
По објавената фотографија, на која Ошен наводно патува во бизнис класа, нејзин следбеник на Инстаграм кој ја следи оваа девојка и напиша „да се врати на своето место во економска класа и да направи селфи“.
Имено, лицето кое ја следи Ошен на социјалните мрежи патувало со истиот авион и воедно направило фотографија од познатата инфлуенсерка во економската класа. Корисниците на Твитер ја искористија лагата на Инстаграм ѕвездата, која ја следат скоро милион луѓе, за да ја растргнат.
Иако Ошен ја сподели контроверзната фотографија со коментар дека тоа не е таа и дека „никогаш не патува во економска класа“, сепак сликата кажува повеќе од илјада зборови. И таа ја избриша оригиналната фотографија.
Но сепак и покрај овој скандал неможе да се оспори фактот дека Ошен е вистинска кралица на Инстаграм.
Таа постојано објавува фотографии од егзотични дестинации и буквално предизвикува хаос на социјалнте мрежи со нејзината атрактивна појава.
Во продолжение уште неколку фотки од младата инфлуенсерка…